Хаосот во главниот град се случил вчера колу 17.00 часот на булеварот „Александар Македонски“ полициски службеници го лишиле од слобода и привеле во Полициската станица Гази Баба, Н.Ќ.(36) од Скопје. Тој се сомничи за одземање патничко возило и предизвикување сообраќајна незгода.

Објавил: Весна Петровска | 11 јуни, 2019 19:26

ФИЛМСКА БРКОТНИЦА : Апсење во Скопје, нема да верувате што направи овој скопјанец додека се бркаше низ улиците

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Вчера во Скопје се случила Филмска бркотница на улиците, 36-годишен маж бегајќи од полицијата предизвикал три сообрајни несреќи, па три лица завршија на клиниките.

Хаосот во главниот град се случил вчера колу 17.00 часот на булеварот „Александар Македонски“ полициски службеници го лишиле од слобода и привеле во Полициската станица Гази Баба, Н.Ќ.(36) од Скопје. Тој се сомничи за одземање патничко возило и предизвикување сообраќајна незгода.

Скопјанецот се сомничи за одземање патничко возило и предизвикување сообраќајна незгода.

Истиот ден околу 16.35 минути во полициска станица, С.Н.(46) од Скопје пријавил дека на улица „Даме Груев“ непознат сторител одзел возило „ауди А6“, сопственост на фирма од Скопје, кое тој го оставил со клучот внатре и со вклучен мотор.

Набргу потоа, возилото било забележано во близина на кејот на реката Вардар. Но, и покрај наредбата да застане, Н.Ќ. продолжил и со возилото турнал двајца полициски службеници и побегнал. Додека, третиот полициски службеник со службено возило „БМВ“ тргнал по него и успеал да го престигне. Притоа, на булеварот „Александар Македонски“, Н.Ќ. го запрел возилото и почнал да бега трчајќи, но набргу бил фатен и лишен од слобода.

Претходно, додека бегал со одземеното возило, Н.Ќ. удрил и оштетил три други возила („фолксваген голф“, „фиат пунто“ и „фолксваген голф 4“), како и службеното возило „БМВ“.

Од болницата 8-ми Септември информираа дека,
со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „Голф 4“, Д.М. и сопатникот во истото возило Ј.К., додека полицискиот службеник кој го лишил од слобода Н.Ќ. се здобил со тешки телесни повреди.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...