Министерот за култура издал барање до културните институции да се земе во предвид застапеноста на етничките заедници, игнорирајќи го квалитетот на кадарот кој се вработува

Објавил: Мартин Попоски | 13 ноември, 2018 9:23

Филхармонијата и операта обвинети дека не примале Албанци на работа

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Албански интелектуалци со потврда од министерот за култура, јавно ги обвините националните уставови, Македонска Опера и Балет и Македонска Филхармонија дека намерно не примаат кадар со албанско етничко потекло.

Имено пропагандата на ДУИ, која на власт е 10 години ја започна т.н. непартиска академска јавност.

Македонската филхармонија и Операта се институциите во кои има многу мала застапеност на Албанците. Професорот Блерим Груби вели дека продолжува занемарувањето на Албанците, иако е зголемен бројот на соодветни кадри од албанската заедница.

Овие кадри беа дефицитарни до пред неколку години. Интересно е дека во последно време имаме кадар. Сега имаме можност овие кадри да се вметнат во две важни институции. Лидерите треба да мислат на стратегија, особено на оние партии кои се во владата. Има информации дека биле вклучени и Албанци низ огласи, но како што изгледа, во Комисијата немало соодветна застапеност на Албанците. – истакнува Груби.

Министерот за култура, Асаф Адеми, вели дека е свесен за ситуацијата.

Факт е дека бројот на Албанци не ја одразува соодветната и правична застапеност. Моето барање до сите раководители на институции е да се земе во предвид општествената реалност во Република Македонија, како и сите идни вработувања да ја одразуваат фактичката состојба на застапеноста на заедниците во Македонија. – изјавува министерот Адеми.

Во моментов во Операта е вработен само еден Албанец, додека во Филхармонија ниту еден. Асаф очигледно не го знае фактот дека токму неговата матична партија ДУИ континуирано на власт во Македонија е цела декада.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Град Скопје реагира на лагите и манипулациите изнесени на денешната прес-конференција на Вмро-Дпмне во врска со Универзална сала!

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА Град Скопје реагира на...

Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион.

УНЕСКО бара до 1 февруари да биде изготвен извештај за постапувањата по препораките

УНЕСКО бара до 1 февруари наредната година да биде изготвен извештај за постапувањата...

„Новата градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 0 до 6 години, за чија изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика издвои 50 милиони денари.

Шахпаска: Општина Липково добива нова детска градинка која ќе згрижи 102 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска  заедно со градоначалникот...