Радоста на Гранит Џака и Џердан Шаќири и гестот со двоглавиот Орел во победата на Швајцарија со 2-1 над Србија не може да мине без правни последици. Како што објави ФИФА во писмото, тие покренаа тужба против двајцата национални играчи.

Објавил: Рејхан Бајрами | 23 јуни, 2018 23:24

ФИФА покрена тужба против Шаќири и Џака

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во изјавата на ФИФА се вели: “Дисциплинската комисија на ФИФА ја отвори постапката против швајцарските играчи Гранит Џака и Џердан Шаќири за начинот на славењеот после постгнувањето на гол за време на натпреварот помеѓу Швајцарија и Србија. Во текот на истиот натпревар, беше отворена дисциплинска постапка против Српската фудбалска асоцијација. Ова поради нарушувања на навивачите и прикажување на политички и навредливи пораки од српските обожаватели. Понатаму, првичната истрага против српскиот национален тренер Младен Крстајиќ беше отворена за наводни изјави по натпреварот.

Претходно, Швајцарската фудбалска асоцијација не сакаше да размислува  за последиците од ФИФА:

Сè  беше спонтано, сè беше сосема нормално, воопшто нема проблем. Ова беше пораката пренесена од претставниците на швајцарската репрезентација по скандалот со славењето со двоглавииот орел на Гранит Џака, Џердан Шаќири и Стефан Лихтштајнер на почетокот на прес-конференцијата во саботата.

Не, играчите не сакаа да шират политичка порака во натпреварот против Србија, објаснува Клаудио Сулсер во саботата вечер по враќањето во кампот на Светскиот куп во Толјати.

Делегатот на националниот тим вели: “Немаше никаква намера зад неа. Тоа беше спонтано дејство од емоциите кои постојат во таква интензивна игра. “

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.