Борбата на СДСМ е за криминал и тендери.

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 ноември, 2021 10:28

Формирано е мнозинство за пад на владата на Заев

Фото/Текст извор: ©магазин

Народот избра промени. ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса, Алтернатив, БЕСА и Левица формираа мнозинство за пад на владата на Заев.

ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да формира ново мнозинство кое треба да го отслика расположението на граѓаните и да ги реализира потребните реформи.

Доколку таквата влада не може да ги гарантира тие работи, треба да се оди на предвремени парламентарни избори, Велат од ВМРО-ДПМНЕ

„ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на европската агенда на државата. Насочени сме кон борба со корупцијата и криминалот, раст и развој на економијата и ефикасен правен систем. Тоа се начелата за кои се бориме и кои ќе ги применуваме.

СДСМ ги плаши граѓаните со лепење на етикети на ВМРО-ДПМНЕ, но реалноста е дека СДСМ се плашат само да не ја загубат фотелјата. Борбата на СДСМ е за криминал и тендери.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.