Вчера после 19 часот на пешачки премин загина 24-годишната В.Н., а зад воланот било 22-годишно момче (Ј.Ѓ.).

Објавил: Рејхан Бајрами | 21 јануари, 2022 17:35

(ФОТО)Ова е младата 24 годишна Викторија што беше смртно прегазена кај Сити мол

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Возачот кој синоќа прегази девојка кај „Сити мол“ во Скопје е приведен во полициска станица, од него се земени крв и урина за да се утврди присуство на алкохол и опојни дроги, што е стандардна процедура во вакви случаи, соопшти Министерството за внатрешни работи

Вчера после 19 часот на пешачки премин загина 24-годишната В.Н, а зад воланот било 22-годишно момче (Ј.Ѓ.).

Во моментот кога девојката преминувала улица на пешачки премин, автомобил „цитроен“ ја прегазил и ја фрлил неколку метри со што таа се здобила со смртни повреди.

ФОТО: Фејзбук

Неофицијално, автомобилот кој ја удрил девојката претекнувал друг автомобил кој застанал на пешачкиот премин. Од МВР соопштија дека автомобилот удрил во две лица од Радовиш.

Момчето на загинатата Викторија. Н 24-годишниот Л.Д. нема сериозни телесни повреди и по сите направени прегледи е пуштен на домашно лекување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam