Новинарот Бранко Героски под закани од обезбедувањето на СДСМ

Објавил: Узунов Бобан | 21 јуни, 2019 7:48

(фото) Бранко Героски добил закани од обезбедувањето на СДСМ, “гледај да не те бањаат во Вардар”

Фото/Текст извор: ©магазин

  Новинарот Бранко Героски синоќа на својот фејсбук профил објави дека примил закани од лице кое за себе тврдело дека работело како обезбедување во СДСМ. Се работи за извесен Борче Гиноски, чиј фејсбук профил е јавен и може да се види дека истиот е поддржувач на СДСМ а има слики и со премиерот Зоран Заев. 

Фејсбук пораката која Героски јавно ја објави од извесен Борче Гиноски: Бранко малку претерувас со изјавите, знаеш како те фарбаа со боја, гледај да не те бањаат во Вардар.,

Героски се обраќа и до премиерот Заев и јавно го прашува дали СДСМ се служи со закани и дали премиерот ги одобрува истите ?

Претседателе на СДСМ, Зоран Заев, вечерва во 22.14 часот ја добив оваа заканувачка порака од извесен Борче Гиноски, кој за себе вели дека работи во обезбедувањето на СДСМ.
Дали Вашата партија, премиере, почна да се служи со вакви методи? Дали ја одобрувате оваа отворена закана? Дали ќе преземете нешто?
Утре изутрина точно во 9.15 часот ќе дојдам во седиштето на СДСМ. Ве молам да го обезбедите присуството на овој господин и на сите што се неопходни за моето најавено “бањање во Вардар”.
Колеги новинари, претставници на ЗНМ и на другите новинарски здруженија, ве поканувам во ова време да бидете присутни на настанот во седиштето на СДСМ на улица Бихаќка.

ПС. Ако не барам премногу од вас, драги пријатели, ве молам споделувајте го овој пост. 

И претходно новинарот Бранко Героски објави дека прима закани поради критика на актуелната власт за кои Магазин пишуваше. 

Во инбокс, во лични пораки што ми ги пренесуваат пријатели и познаници и на разни други начини, ми стасуваат опомени и закани. 
Премногу сум ја критикувал власта. Сум претерал. Та нели сме биле наши…
Па еве, да одговорам јавно, како што имам обичај.
Марш бре, таму, лицемери едни!!!
Под силен притисок, дадов оставка од позицијата главен уредник и целосно се повлеков од „Слободен печат“. Никого не навредив, никого не повредив, самиот ја проголтав горчината на едно предавство. Како отров.
Го оставив весникот, чедото што се роди во мојата глава и во моето срце…
Што кур сакате сега, абдали едни?! Сакате два пати да ви поднесам оставка?
Перото не ви го давам, на тоа да не се надевате!
Нема да ме замолчите! (фејсбук статус на Героски од 16 јуни)

Дали тоа што Бранко Героски во неколку наврати пишува дека е под закани поради неговата критика кон власта како и признанието  дека дал оставка од главен уредник во Слободен печат под притисок не е доволен сигнал за надлежните органи да покренат истрага ? Очигледно е дека ваквите закани ќе имаат влијание и во рејтингот на Македонија при мерење на медиумската слобода, бидејќи Македонија очигледно е земја во која новинарите работат под притисок.  

Лицето кое според Бранко Героски се заканувало е извесен Борче Гиноски за кој на неговиот профил пишува дека работи како обезбедувањ во СДСМ. Сликата со премиерот Зоран Заев е објавена на неговиот фејсбук профил кој е јавен.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.