Имено Инстаграм профилот на Стефан Стоилов е преплавен со фотографии од неговиот брат, кој е гордост на цела Македонија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 јуни, 2019 12:08

ФОТО: Братот на Стоилов најгласен меѓу навивачите- успеа да се слика и со трофејот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Стефан Стоилов можеби и веќе ви звучи познато. Ова е братот на македонскиот херој, ракометарот Стојанче Стоилов.

Имено Стефан е можеби и најголемата поддршка на Столе, тој вчера супеа да ја искористи привилегијата што е брат на македонскиот репрезентативец и капитен на европскиот шампион Вардар, Стојанче Стоилов, и успеа да се слика со победничкиот трофеј. Стефан неуморно го бодреше својот брат цело време од трибините.

Неговиот Инстаграм профил може да се каже дека е преплавен со фотографии од неговиот брат, кој е негова најголема гордост.

Стефан Стоилов, и викендов на својот Инстаграм профил постојано споделуваше фотографии од неговиот брат, но и од целата атмосфера на натпреварот. Секако привилигијата брат на капитенот ја искористи за да сподели фотографија од победничкиот пехар!

Инаку Стефан Стоилов не пропушта ниту еден натпревар на РК Вардар, па така и овој пат во Келн беше поддршка на својот постар брат заедно со најстраствените навивачи на шампионскиот клуб!

Инаку веднаш по завршување на натпреварот, со Барселона, откако Стојанче го постигна победничкиот гол над Каталонците, Стефан Стоилов, на својот ФБ профил сподели селфи на кое напиша „Ова е Proud“.

Вардар вчера успеа да го совлада Вестпрем и се избopи за титулата Европски шампион и одново е на кровот на Европа!

Историјата се повторува, Вардар е новиот европски првак, новиот владетел на Стариот Континент, по победата од 27: 24 (16:11) во финалето на Ф4 во Келн, на јубилејното десетто издание на Лигата на шампионите.

Имено ракометарите требаше да слетаат вечерва околу 23 часот, но беше организиран чартер лет за новите европски шампиони. Пречек се најавуваше на аеродромот и потоа на плоштадот „Македонија“.

Се надеваме дека шампионите ќе стигнат порано денес, со Чартер лет дирекно Келн-Скопје, и да слетаат околу 16:00ч. на Аеродромот Александар Велики како што беше предвидено порано.

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...