Ова е прво бебе на кралската двојка, Меган и Хари, и донесе радост во целото семејство...

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 мај, 2019 22:39

ФОТО: Британската амбасадорка во Македонија почасти мекици за бебето на принцот Хари

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска британската амбасадорка Рејчел Галовеј почести мекици по повод раѓањето на кралското бебе, синот на принцот Хари и Меган Маркл. Таа на својот Твитер профил, се пофали за мекиците.

Британската амбасадорка почасти мекици по повод бебето на Хари и Меган

„Традиција е во повеќе места во  Македонија да се послужат мекици на третиот ден откако е родено бебето, за негово здравје и долговечност. Некаде се нарекуваат и ‘лангиди’, а на други места се варти ориз. Во чест на кралското бебе, прославивме со оваа традиција“, објави амбасадорката на својот профил на Твитер.

Ова е прво бебе на кралската двојка, Меган и Хари, и донесе радост во целото семејство, а очигледно и амбасадорката била пресреќна за нивната принова штом решила да почасти во нивна чест.

Инаку Рејчел беше избрана за амбасадорка минатата година. Таа пред да биде назначена за амбасадорка, работела како парламентарен истражувач пред да стане дел од тимот на Министерството за надворешни работи и Комонвелт во 2001 година. Пред нејзиниот мандат во Македонија раководела со Машрек Магреб Работната група во Службата за надворешни работи на ЕУ.

Рејчел е мажена со Томас Галовеј РБИ и има две деца.

Обединетото Кралство и Република Македонија имаат воспоставено дипломатски односи во 1993 година. Амбасадорката Галовеј е осми британски амбасадор во Македонија.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести