Дали во преговорите се почитуваат официјалните канали на комуникација

Објавил: Узунов Бобан | 27 март, 2019 8:10

(фото) ВМРО-ДПМНЕ и Министерство за правда на приватни маилови комуницираат за суштински закони

Фото/Текст извор: ©магазин

Рената Дескоска лаже како Зоран Заев. Срамен е начинот на кој што таа и Заев ги злоупотребуваат државните институции во одбрана на лагите и манипулациите на Зоран Заев, реагира ВМРО-ДПМНЕ на синоќешното соопштение на Министерството за правда за тоа дека опозицијата се уште не ги испратила амандманите за Законот за јавно обвинителство 

Овој скриншот ВМРО-ДПМНЕ го претставува како доказ дека министерката Дескоска ги добила предлог амадманите на приватниот маил испратен од адвокатот Тони Менкиноски.

Ја повикуваме Рената Дескоска да го отвори сопствениот мејл и да каже дали добила или не порака од претседателот на Комисијата за правни работи на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Менкиноски точно во 16 часот 19 минути и 16 секунди.

За да се смали просторот за манипулации еве и помош на Десковска. Во прилог ви испраќаме слика од мејлот во кој што се испратени амандманите.

Го разбираме Зоран Заев и СДСМ дека се во паника и не знаат што да прават, но лажењето на граѓаните не е опција и не смее да биде случај.

ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе предлог амандманите во насока на подобрување на предлог законот, кој е клучен за правосудството во државата, нашите предлог амандмани се во согласност со меѓународното право, праксата на меѓународните судови и конвенциите за заштита на човековите права“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. 

Во соопштението на Министерството за правда од 25 март се вели дека се подготвени да ги имплементираат принципите за кои се залагал и преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ. Дали  средбата на Мицкоски со осумте одметнати пратеници на ВМРО-ДПМНЕ влијаеше врз министерството за правда да драстично да го промени тврдиот став за бескомпримисни преговори со ВМРО-ДПМНЕ ?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести