Алојз Гомбар, внукот на Мајка Тереза изработи извонредно уметничкото дело, кое го подготви за специјално за папата Франциск.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 април, 2019 17:50

ФОТО: Внукот на Мајка Тереза ќе го пречека папата во Скопје со уникатен подарок

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Алојз Гомбар, внукот на Мајка Тереза изработи извонредно уметничкото дело, кое го подготви за специјално за папата Франциск. Тој ова дело денеска го донесе во редакцијата на весникот ВЕЧЕР  и откри дека со ова дело ќе го пречека папата на 7ми мај.

Ова е подарокот кој Гомбар го подготвил за доаѓањето на папата на 7ми мај

-Откако се обзнани дека на папата ќе му дадам подарок, ми се јавија новинари од Франс прес, од државната телевизија на Полска, како и од неколку телевизии од Хрватска и од Словенија. Дури и од САД ме побараа да зборувам во директен пренос за тамошна телевизија. Но, јас решив мојата приказна прво да ја кажам во весникот кој секојдневно го купувам и го читам со години, рече наследникот на Мајка Тереза.

Целата сторија може да ја прочитате во утрешното издание на весникот ВЕЧЕР. 

Инаку Алојз Гомбар е еден од последните преживеани роднини на Мајка Тереза кој се уште живее во Скопје. Тој стана познат на јавноста по скандалот во 2013тата година, откако изјави дека актуелната власт во Центар, го продала земјиштето кое му припаѓало нему, според сите документи. На тоа место требаше да се градат “Шпански скали”, по што златарот Гомбар реагираше до властите.

Гомбар на првата средба со папата му подарил табакера од филигран ФОТО: Дојче Веле

Ова не е прв подарок кој Гомбар го спрема за папата Франциск, тој пред неколку години, му подари нему филигранска табакера, за која изјави дека три месеци ја изработувал со многу љубов.

На аудиенцијата одржана по прогласувањето на Мајка Тереза за света, се оствари најголемата желба на Алојз, да се сретне со папата и лично да му го даде подарокот.

„Три месеци траеше изработката на оваа табакера. Ја работев со голема љубов секој ден“, рече тогаш Алојз, златар од Скопје, чија мајка била прва братучетка со Агнеса Гонџа Бојаџиу.

Алојз тогаш изјави дека е премногу среќен што конечно успеал да стигне до папата, бидејќи многу пати го посетил  Рим, но за жал немал можност за средба со папата. 

Инаку Гомбар е единствениот жив наследник на Мајка Тереза.

Тој иако поседува тапија и имотен лист издаден од страна на Албанската Влада, уште во 1947 година, власта го продаде неговиот имот за 1.6 милиони евра на албанска фирма.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести