Политичката ситуација во Србија оди по македонско сценарио

Објавил: Узунов Бобан | 17 март, 2019 18:10

(фото) Вучиќ триумфално ја напушти зградата на претседателството

Фото/Текст извор: ©магазин
 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ излезе од зградата на српското Претседателство, пишува „Б92“.

Тој ја напуштил зградата бидејќи веќе се разишле граѓаните кои се собраа попладнево во пресрет на обраќањето на Вучиќ. 

Голем дел од демонстрантите се упатија пред полициска станица во Белград каде бараат ослободување на приведените поради синоќешниот упад во Радио телезивија Србија.

Претходно српскиот претседател Александар Вучиќ во изјавата поставена на Инстрагам во 15:20 нагласува дека нема да го напушти Претседателството и нема да попушти пред „фашистичкиот лидер“ Бошко Обрадовиќ и тајкуните Ѓилас и Јеремиќ и дека никогаш нема да се откаже од борбата за пристојна и модерна Србија.

„Јас сум во моја канцеларија во Претседателството, нема да бегам, нема да заминам, зашто за она што се борам, принципите за кои се залагам се повредни од животот. Никогаш нема да се откажам од борбата за пристојна и модерна Србија, нема да се повлечам пред фашистичкиот водач и тајкуни, крадци кои ја оштетија земјата “, истакна тој. 

Ги молам моите поддржувачи за модерна и пристојна Србија да не одат во Белград, пристојните белградски граѓани не доаѓаат да се соочуваат со мал број луѓе, насилни, кои во моментов се 400-500. Тие не се насилни, туку банда фашисти кои сакаат да ја уништат државата. Не излегуваме одовде не затоа што не можеме, туку затоа што не сакаме да повредиме никого. Сакаме да ја зачуваме секоја српска глава, па дури и онаа што фашистите ја завеле, истакна тој.

Српскиот претседател претходно, за време на протестите, објави на „Твитер“ фотографија како во Претседателството игра шах со министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ. 

„Во претседателството одмор пред вечерните активности. Храброста и чесноста секогаш ги победуваат насилниците“, напиша Вучиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.