н

Објавил: Владо Марин | 13 јули, 2021 21:42

(ФОТО) Гори планината над Лескоец

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Голем пожар попладнево избувна на сртот од планината над селото Лескоец.

Во моментов излезени се екипи од “Македонски шуми”, додека од противпожарната единица чекаат насоки од Центарот за управување со кризи.

Според информации на Ohrid24 пожарот е на тешко пристапен терен и најдобра опција за негово гаснење е авионски со канадерите. За жал тие во моментов не се користат бидејќи не се сервисирани – сервисот бил скап.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, пред некој ден излезе со изјава дека можностите за гаснење на пожари биле лимитирани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести