Порталот економски лидер со докази за настанот во 24

Објавил: Узунов Бобан | 18 април, 2019 15:25

(фото доказ) Близок пријател на Заев ја нападнал екипата на ТВ 21 ?

Фото/Текст извор: ©лидер.com.mk/магазин

Скендер Халими е арачиновецот кој вчера ја нападнал екипата на ТВ 21 во Арачиново – дознава Лидер од извори во истрагата. 

Како што дознаваме, лицето кое не и дозволи на телевизиската екипа да снима во општината е близок пријател на премиерот Зоран Заев, со кој има соработка и е активист на СДСМ во Арачиново.

Скандалот се случи во вторникот пред и во објектот на општина Арачиново, иако ниеден од осомничените не работи во оваа институција. За ова, беше повикана и полицијата да интервенира и го истражува случајот. Екипата на телевизија 21 беше спречена да ја врши својата должност, беше задржана во полиција 5 часа, а не се знае дали се земени на распит осомничените.

Сите да ги избришеш, инаку ти ветувам дека се ќе скршам! Нема да оставам ништо!(другите се смеат). Нека ме затворат, јас не познавам закони!.

Вака ќе ве пречекаат во Арачиново кога се обидете да известувате за проблемите на граѓаните.

Четири лица, ја спречија екипата на ТВ21, која сакаше да ја посети градоначалничката за да добие одговори околу проблемите на граѓаните!

Но, четворица мажи, ја спречија нашата екипа и сакаа на поинаков начин да ги решат работите, напиша Тв 21 вчера.

Посочените лица, како што се гледа на снимките, покажаа сила и психичко насилство врз новинарот и снимателот, и се обидоа  да “им наредат и да ги научат“што смеат, а што не смеат да прават додека се во Арачиново.

Осомничен 1: „Ти се колнам, се ќе скршам! Никој не смее да зборува нешто лошо бидејќи имам пријатели тука!“.

 Осомничен 2: Ајде ќе ги избришат, немај гајле!

 Според информациите, ниту еден од осомничените, а ниту политичкиот службеник, не се вработени во општина.

Под закана дека “ќе ја скрши камерата“ и физички ќе го нападне новинарот, овој политички службеник и неговите пријатели ја присилија телевизиската екипа, без нивна согласност, да влезат во општинската зграда и да се договорат како да ги избришат изјавите на граѓаните, кои се жалеле за секојдневните проблеми. 

На својот фејсбук профил Скендер Халими има слики и со други фунцкионери на СДСМ како што е актуепниот директор на БЈБ Сашо Тасевски.

Екипата на ТВ21 била затворена во темна просторија и под психички притисок „затворени“ во општина Арачиново десетина минути.

Во канцеларија продолжи истата реторика и закани.

Осомничен 1: “Каде се, јас ќе ги избришам! Ќе скршам се!

 Осомничен 2: Ти се колнам дека тој ќе ги скрши!

 Новинарот: Јас треба да одам во телевизија, тие ќе одлучат. Јас имам главен уредник, директор …

Другиот осомничен: Да не згреши па да ги објават . . . овде има еден Ѕ.И. кој ги знае сите работи.

Но, за што се жалеа граѓаните од Арачиново и со какви проблеми се соочуваат?

Кратко и јасно – тие со кои поразговаравме сакаат да бидат снабдени со вода 24 часа и сакаат канализација.

Не, не, немаме вода, ниту канализација. Мириса лошо и не може да се седи на двор или балкон. Каде е канализацијата, нека дојде да ни каже. Пола Арачиново нема вода. Тоа не е вистина. Треба да се работи, како да кажеме да кога нема ништо, вели жител на Арачиново.

 Пред да ги земат гласовите, даваат се. Потоа се слободни и не работат ништо. Нема ниту вода, ниту патишта, ниту ништо. Немаат работено ништо. Нешто почнале, но и тоа остана так, додава друг жител на Арачиново.

 Воопшто не е вистина, ништо воопшто. Немаме ниту улици, ниту канализација, а ниту пак водовод. Факт е дека одат и се фотографираат по палати, не знам каде, дека се купени цевките за вода и канализација, но ги нема никаде. Тоа е друга лага, фантазија за нашите Албанци, вели жител на Арачиново.

 Немаме ниту вода, ниту канализација. Со бунари сме. Не е вистина, вели жител на Арачиново.

 Жителите на Арачиново немаат вода ниту за пиење. Тоа нека го знаат сите, и Заев и другите, Арачиново го запоставија. Грев е да немаме вода, срамота. Отпад, Арачиново е полно со отпад, да не се фалат дека работеле. Да бев јас во трка за градоначалник, повеќе би градел во Арачиново, вели жител на Арачиново.

 Поради ваквите изјави, тој вели дека има проблем со жителите на Арачиново.

Осомничениот 1: Сите избришиги! Тие другите, овој добро зборува, овој добро зборува.

 Новинар: Не, не, можам да ги избришам!

На крајот, за да бидат сигурни дека екипата на ТВ21 нема да шета низ Арачиново без нивна придружба, две лица, ги принудија новинарот и снимателот да се качат во нивниот автомобил и да ги превезат до градот.

Штом се вратија во телевизија, нашата екипа повика полиција и го опиша инцидентот бидејќи се уште продолжија заканите, но овој пат преку телефон.

Полициски службеници беа во Телевизијата и го документираа настанот. Во меѓувреме, осомничениот му се извини на новинарот за навредите и заканите. Полицијата, како што вели, го истражува случајот, пренесе вчера ТВ 21. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести