Српскиот министер за надворешни работи го прифати предизвикот

Објавил: Узунов Бобан | 5 јуни, 2019 21:29

(фото) Еве што напиша Дачиќ на банкнота од 100 долари за Косово

Фото/Текст извор: ©магазин

Овој тренд се појави на Инстаграм, каде многу корисници почнаа  да објавуваат слики со оваа парола напишана на банкноти од еден или пет евра. 

Српскиот политичар и министер за надворешни  работи, Ивица Дачиќ, се приклучи на најновиот предизвик – на банкнота од еден или пет евра да се напише „Косово е Србија“.

Овој тренд се појави на Инстаграм, каде многу корисници почнаа  да објавуваат слики со оваа парола напишана на банкноти од едно или пет евра.

Ивица Дачиќ пак, го прифати предизвикот, но тој тоа го напиша на банкнота од 100 долари! 

Северно Косово, населено главно со Срби, под никакви околности нема да биде под суверенитетот на Приштина. Ова пред неколку дена го изјави српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, за телевизијата О2.

„Северно Косово не може да биде под суверенитетот на Приштина и точка“, рече Дачиќ, откако потсети дека зборува за поделба на регионот по етнички принцип десетици години и дека „тоа е единственото решение кое нема да предизвика проблеми“.

Според него решение на косовското прашање е можно при подготвеност на меѓународната заедница да стави крај на драмата. Ако меѓународната заедница се согласи дека „косовското прашање треба да биде затворено како проблем кој генерира постојана нестабилност“, сметам дека ова прашање ќе биде решено, рече министерот.

Истовремено Дачиќ потсети дека различни делови од меѓународната заедница имаат различни ставови на проблемот, при што не станува збор за несогласувања меѓу Москва и Вашингтон, туку за несогласувања меѓу САД и ЕУ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести