Рама веќе е познат по својот необичен стајлинг но ова е доказ дека тој е голем љубител на спортската елеганција. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 ноември, 2019 17:01

ФОТО: Еди Рама повторно ги запали социјалните мрежи со својот стајлинг

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Албанскиот премиер Еди Рама повторно предизвика смеење со својот стајлинг и ги запали социјалните мрежи каде корисниците го коментираат неговиот специфичен вкус кога станува збор за модата.

Еди Рама на вчерашниот состанок во Охрид со претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Македонија Зоран Заев

Рама веќе е познат по својот необичен стајлинг но ова е доказ дека тој е голем љубител на спортската елеганција. 

Албанскиот премиер повторно со необичен стајлинг

Имено албанскиот премиер на вчерашниот состанок во Охрид на кој присуствуваа претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Македонија Зоран Заев се појави во црно класично одело, црвена вратоврска, но она што им го привлече вниманието на многумина, беа црните патики од брендот Адидас, и секако во истиот момент стана вистински хит на социјалните мрежи.

Ова не е прв пат Еди Рама да се појави со ваков необичен стајлинг. Тој на многу важни настани тој се појавувал облечен во патики, панталони кои наликуваат на тренирки со бренд Адидас, но знае да изненади и необични дезени на вратоврски.

 

 

Повеќе пати на значајни настани беше во центар на вниманието поради комбинацијата со одело и бели патики.

Еди Рама е роден на 4 јули 1964 во Тирана) — албански политичар, уметник и писател, кој од 2013 е премиер на Република Албанија. Рама е лидер на Социјалистичката партија на Албанија од 2005. Тој бил министер за култура и спорт во владата на премиерот Фатос Нано (1998–2000), а во три последователни мандати бил и градоначалник на Тирана (2000–2011). На парламентарните избори во 2013, неговата партија остварила победа врз Демократска партија на Албанија на премиерот Сали Бериша. Рама е добитник на наградата за светски граддоначалник во 2004 година, а според Тајмс, тој бил еден од најзначајните европски политичари во 2005.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.