Голем број на документи во архивите на Ватикан претставуваат впечатливи и интересни сведоштва за Македонија и Македонците

Објавил: Данаил Михајловски | 5 октомври, 2018 15:39

ФОТО: За Ватикан во Македонија живееле Македонци уште во 17 век

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Според документите од архивата на Ватикан во Македонија никогаш не живееле Бугари или Срби, туку Македонци. Од документот се гледа дека Ватикан во 1619 година давал стипендии на Македонците кои сакале да студираат.

Голем број на документи во архивите на Ватикан претставуваат впечатливи и интересни сведоштва за Македонија и Македонците во периодот од 1622 до 1644 година, пишува весникот на Македонците во Грција „Нова зора”.

Светата столица во 1619 година доделувала стипендии на Македонците за да студираат на колеџот во Лорето (College of Loreto), основан во 1580 година. Во 1619 година епископ од Далмација бил задолжен од Папата Пол V да додели места на колеџот за Срби, Бугари и за Македонци.

Во документите на тој колеџ до денес постојат пријавите во кои студентите од Македонија се запишувале како Македонци. Во 1620 година во Лорето студирале тројца Македонци кои добиле стипендија од Ватикан.

Овие документи денеска се отворени за истражување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.