Само претседателката на Хрватска оваа година од лажни вести брои позитивни фанови на своето конто

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 август, 2018 11:37

(Фото) Колинда стана хит во светот – еве и зошто

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Индија неверојатна популарност добија фотографиите на Грабар Китаровиќ, кои таа самата ги објави на својот Фејсбук прфил во 2015 година, а е облечена во милитантна облека и сама го молерисува својот стан.

Фотографиите се веродостојни но не се од оваа година туку од 2015-та иако лажната вест овој пат и носи популарност на хрватската претседателка.

По лажната вест која се ширеше низ Нигерија дека хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ лично го возела автобусот со фудбалерите од репрезентацијата, кои на Светското првенство во Русија го освоија второто место, сега таа е повторно хит.

Овој пат во Индија и тоа повторно благодарение на лажните вести кои молскавично се шират преку социјалните мрежи.

– Хрватската претседателка сама го молерисува станот бидејќи не сака да краде пари од својот народ. Кога праведните владеат и народот се радува, е една од честите варијации на коментари меѓу Индијците за оваа вест.

Грабар Китаровиќ го привлече вниманието на светската јавност за време на Мундијалот во Русија кога на успесите на хрватската репрезентација непосредно се радуваше надвор од стандардниот протокол што наиде на осуда кај политичарите кои беа далеку помалубројни од граѓаните кои во односот на хрватската претседателка препознаа основни човечки особини.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.