Вчера за прв пат кралското семејство објави фотографија од бебето Арчи на социјалните мрежи а за само неколку часа собра над еден милион лајкови.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 мај, 2019 11:19

ФОТО: Меган Маркл со моќна порака го честиташе денот на мајките

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пред само неколку дена Меган Маркл и принцот Хари го добија своето прво синче Арчи, а радосната вест ја пренесоа на Инстаграм. 

Пред неколку дена Хари и Меган решија да го покажат преслаткиот Арчи на јавноста и одржаа прес конференција каде позираа пред медиумите и одговараа на прашања на новинарите. 

Вчера за прв пат кралското семејство објави фотографија од бебето Арчи на социјалните мрежи а за само неколку часа собра над еден милион лајкови.

Меган Маркл со моќна порака до сите мајки по повод денот на мајките…

Се работи за фотографија која ја сподели Меган Маркл, по повод денот на мајките. На фотографијата се гледаат малите стапала на Арчи која ги држи неговата мајка Меган Маркл.

-Денеска славиме сите мајки, оние кои тоа биле, кои се уште се и кои допрва ќе бидат, но и оние кои сме ги изгубиле и кои никогаш нема да ги заборавиме. Ова е чест за секој од вас. Денот на мајката денес се прославува во Америка, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Јужна Африка, Кенија, Јапонија и во неколку земји од Европа. Ова е прв ден на мајките на војвотката од Сасекс, стои во објавата на кралското семејство на Инстаграм. 

Инаку во јавноста постојано се зборува за името на малиот Арчи, и за тоа од каде токму тоа име.

Според последното нагаѓање на британските таблоиди бебето на Хари и Меган го добило името по наредникот на војската на Хари, Томи Арчер-Буртон со надимак Арчи.

„Наередникот Буртон е голем прјател со Хари.Додека принцот служел во војска тој му бил наредник, а тој е човекот кој ја спаси воената кариера на Хари и му помогна да замине на мисија во Авганистан.Во воените кругови веќе сите знаат дека Хари го крстел својот син Арчи по неговиот воен наредник“ пишува Дејли Мирор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.