Новиот грчки премиер ја превзема функцијата

Објавил: Узунов Бобан | 8 јули, 2019 13:48

(фото) Мицотакис положи заклетва како премиер на Грција

Фото/Текст извор: ©магазин

Лидерот на опозициската конзервативна Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, денес ја положи заклетвата како нов грчки премиер. Мицотакис ја положи заклетвата во присуство на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, пренесе агенцијата АНА.  

Сега веќе поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас при неговата инагурација, за прв пат во грчката историја еден премиер одби да положи заклетва поради тоа што се декларира како атеист. 

Составот на новата влада ќе биде познат вечерва.

Конзервативната Нова демократија победи на вчерашните предвремени парламентарни избори во Грција, поразувајќи ја владејачката Сириза на грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Според речиси 100 проценти од пребројаните гласови, Нова демократија освоила мнозинство во парламентот, односно 158 од вкупно 300 места, а Сириза 86 места.

Мицотакис синоќа вети дека ќе работи напорно и ќе ги застапува сите Грци.

„Премногу сме малку за да може да си дозволиме да останеме поделени“, рече Мицотакис, а пренесе „Катимерини“.

Мицотакис рече дека добил силен мандат кој ќе му помогне да ја промени Грција и да спроведе програма за намалување на даноците, да се создадат работни места и да се привлечат дополнителни инвестиции, објави „Ројтерс“.

„Нашето општество испрати јасна порака во корист на растот, создавањето работни места и безбедноста“, изјави Мицотакис.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести