Бројот на жртви од крвавиот масакр кој се случи утринава се искачи на 49

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 март, 2019 10:50

ФОТО: На оружјето натписи на германски,бугарски,руски и српски, а носел и нацистички симболи! Погледнете што пишува(ФОТО)

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Бројот на жртви од крвавиот масакр кој се случи утринава во две џамии во Нов Зеланд се искачи на 49,  а повеќе од 20 лица се повредени, изјави полицискиот комесар, Мајк Буш.

Тој како што пренесува Ројтерс, изјавил дека во една џамија загинаа 41 лице, во другата 7, а уште едно починало во болница.

Комесарот Буш изјави и дека нападот бил добро испланиран.

На себе го носел и нацистичкиот симбол “црно сонце”.

На прес-конференција за медиумите Буш кажа дека напаѓачот е обвинет за убиство а утре ќе се појави пред судот. Не сакаше да одговори дали истиот напаѓач е одговорен за двата напади.

Инаку за сега се уапсени четири лица, а главниот напаѓач е идентификуван како 28-годишен Австралијанец, Брентон Тарант кој во крвавиот поход тргнал со оружје на кое стоеле натписи на германски, бугарски, руски и српски јазик.

На оружјето пишува: Марко Милјанов Попович (1833.1901)  – црногорски народен книжевник, војсководец и војвода.

Стефан Лазар-  српски кнез Лазар Хребељанович (1329 – 1389), погина во борба со Турците на Косовско поле. Го користеше кралското име Стефан Лазар.

Се споменува и битката на Иванковцу која се одиграла во 1805 година. Се наведува и 1683. година која се однесува на опсадата во Виена кога Османското царство ја окупирала Виена. Со таа битка е прекинато напредувањето на турците во Европа.

На оружјето се наведени многу битки и личности кои во историјата се бореле против исламот во Европа.

Инаку Тарант рече дека главен мотивирачки лик за масакр, му бил Норвежанецот Андерс Брејвик, кој во 2011 година уби 77 лица во кампот на лабуристичката младина на норвешкиот остров Утој. 

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...