Биља Крстиќ, многумина ќе ја препознаат по  дуетот со Тоше.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 април, 2019 11:29

ФОТО: Нема да верувате која пејачка му е сестра на Бора Чорба

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Иако јавноста постојано е во тек со сето она што им се случува на познатите, јавни личности, се чини дека и по 40 години од кариерата медиумите не успеале да откријат нешто повеќе за  приватниот живот на Бора Чорба.

Биља е позната на македонската јавност во дуетот со нашиот трагично починат Тоше Проески

Таков е примерот со неговата сестра, познатата етно пејачка етно пејачката Биља Крстиќ, која многумина ќе ја препознаат по  дуетот со Тоше. Тие заедно ја испеаа старата македонска песна Јовано, Јованке.

Но, се чини дека бора одлично го крие својот приватен живот, и ретко кој знае дека тој не е единствениот пејач во семејството. 

Инаку Биља Крстиќ ја обелодени пред јавноста долго чуваната тајна, во 2004 година на промоцијата на албумот на Чорба „Овде“, на кој гостува во уводната песна „Мобилни“.

-Да ви откријам една тајна, можеби не знаете, јас и Бора сме роднини. Ние сме брат и сестра. Па покрај тоа, и по таа линија навивам и по онаа другарската, рекла тогаш Крстиќ.

Бора и Биља соработуваат од 1975 година кога и двајцата биле членови на легендарната акустична група „Сунцокрет“. Најпознат хит на Биља Крстиќ е песната Пуче Пушка, од познатиот филм Зона Замфирова.

Биља Крстиќ е родена во Ниш, Таа долги години е на сцената, а својата кариера ја започнала со групите „Сунцокрет„ и „Рани Мраз„ за подоцна да се пренасочи за етно музика. Таа заедно со Бистрик работат и творат заедно во последниве 15 години. Биља е позната е по голем број отпеани македонски песни. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.