Вакво нешто до сега се нема случено никаде, а за Кувајт оваа температура до сега е незабележана. На +63 степени Целзиусови степени се случува ова.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 јуни, 2019 11:29

ФОТО: Нема да верувате на очите- автомобили се топат поради енормно високите температури

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Неверојатни фотографии осамнаа на социјалните мрежи. Верувале или не од високите температури и пеколните горештини кои го зафатија Кувајт, дури автомобилите почнаа да се топат.

Од високите температури се топат автомобили и семафори

На фотографиите кои беа споделени на социјалнит емрежи може да забележите како делови од автомобилите се стопени поради високите температури кои во Кувајт го достигнаа максимумот . Вакво нешто до сега се нема случено никаде, а за Кувајт оваа температура до сега е незабележана. На +63 степени Целзиусови степени се случува ова.  Во Саудиска Арабија денеска се измерени +55.

Од енормните температури се топат и пластичните делови на уличните семафори…

Инаку Кувајт или официјално Држава Кувајт е независна држава со емиратско општествено уредување во Југозападна Азија, поточно на Арапскиот Полуостров. Кувајт се граничи со Саудиска Арабија на југ, со Ирак на север и источно излегува на Персискиот Залив. Кувајт има вкупна површина од 20.000 километри квадратни со население од околу три милиони жители. Главен и најголем град е градот Кувајт, додека пак официјален јазик во емиратот е арапскиот јазик.

Повеќето од територијата на Кувајт е покриена со рамната Арабиска Пустина. Државата има слаба разлика во поглед на надморската височина и највисоката точка изнесува околу 306 метри надморска височина. Кувајт има девет острови кои скоро сите се ненаселени, освен островите Фаилака. Најголем остров во државата е Бубија со површина од 860 километри квадратни и е поврзан со копнен Кувајт преку долг мост.Главниот град Кувајт се наоѓа на крајбрежјето. Кувајт е доста богата со нафтени резерви.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.