Својата држава ја претставувал во многу земји ширум светот, меѓу кои отворање на македонски културен центар во Истамбул-Турција, Софија-Р.Бугарија, претставување на македонската музика во опера хаус Сиднеј-Австралија и многу други настапи.

Објавил: Владо Марин | 27 септември, 2020 9:35

(ФОТО) Нема да го препознаете – Наум Петрески го промени имиџот и пушти долга коса

Фото/Текст извор: ©galama

Несомнено, Наум Петрески важи за еден од најпознатите македонски фолк пејачи. Настапувал на речиси сите фестивали во Македонија и на голем број во странство, а одржали многу концерти ширум светот, особено онаму каде што живеат Македонци, во Австралија и Америка.

Испеал многу антологиски македонски песни, меѓу кои „Филизо, моме Филизо“, „Ајде сонце зајде“, „Зајди, зајди јасно сонце“ и други. Едни од неговите најголеми хитови се: „Жал за Деспина“, „Има ли песна“, „Лазарополе“ и други.

Досега објавил 4 албуми, а последниот, со кој го одбележал 25- годишниот јубилеј, го реализирал во 2010 година под наслов „Оди ѕвездо“. Оженет е со познатата македонска фолк пејачка Зуица Лазова, со која живеат во Скопје.

Роден е во Охрид, а детството и дел од возрасните години живеел во село Лабуништа, од каде што и потекнува неговото семејство. Со музика се занимавал од самото детство.

Првиот јавен настап го имал на седумгодишна возраст, како претставник од македонија на деветтата меѓународна смотра на фолклорни друштва во Загреб.

Од 1990 г. почнал професионално да се занимава со музика и до ден денес остварил многу успеси на музичко поле и секогаш останал доследен на корените на македонската фолклорна музика.

Својата држава ја претставувал во многу земји ширум светот, меѓу кои отворање на македонски културен центар во Истамбул-Турција, Софија-Р.Бугарија, претставување на македонската музика во опера хаус Сиднеј-Австралија и многу други настапи.

Остварувал соработка со гордоста на македонското оро Танец, со КУД “Кочо Рацин”, КУД “Орце Николов”, КУД “Билјана”-Скопје, со КУД “Панчо Пешев”-Куманово. Учествувал на голем број хуманитарни концерти, а се јавувал и како организатор на истите еден од нив е помош на децата парафлегматичари од Прилеп и околијата.

Зад него се паметат три солистички концерти првиот во 1992год, вториот во 2001 и третиот во 2011год. на кои учествуваале врвни имиња од Македонија и Србија.

Музчарот Андреј Ѓорѓиески од музичкото дуо ДНК објави фотографија од заедничка вечера со неколку свои пријатели, меѓу кои беше и музичарот Наум Петрески.

Она што на фановите веднаш им влезе во очи е промената на имиџот кај Наум Петрески, односно забележително е дека тој пуштил подолга коса што не е вообичаено за него!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.