Несреќата се случила во близина на словенечко-хрватската граница,а екипата на словенечката железница заедно со пожарникарите неколку часа се обидувале да го спречат истекувањето на керозинот кој би можел да нанесе големи штети на животнта средина доколку дојде до подземните води.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 јуни, 2019 18:15

(ФОТО) Несреќа во Словенија: Товарен воз излета од шините, истекоа 10 тони керозин

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Железничка несреќа се случи денеска кај место Храстовље во југозападна Словенија, при што товарен воз излета од шините и се преврти при што од вагоните истекле околу 10.000 литри керозин.

Товарниот воз со шест вагони излетал од шините

Несреќата се случила во близина на словенечко-хрватската граница,а екипата на словенечката железница заедно со пожарникарите неколку часа се обидувале да го спречат истекувањето на керозинот кој би можел да нанесе големи штети на животнта средина доколку дојде до подземните води.

Се уште не се познати причините за несреќата за излетување на товарниот воз со шест од шините, кој сообраќал на релација од пристаништето Копер до Љубљана, а крајната дестинација на керозинот бил германскиот град Минхен.

 

Како што пренесуваат словенечките медиуми  возот излетал од шините во близина на месноста Рижан, каде што всушност и се наоѓа најголемиот извор на вода за пиење за населените места во словенечкиот дел на полуостровот Истра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.