Ккао што објави порталот овој адвокатски тим вчера издејствувал домашен притвор за актерката Стојановска, која се сомничи дека е дел од мрежа за трговија со кокаин кој бил запленет во Шпанија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 декември, 2019 10:26

ФОТО: Ова е адвокатот кој ја извади актерката Силвија во домашен притвор!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Адвокатската канцеларија Пешевски – Тимовски ја застапува актерката Силвија Стојановска во случајот 700 килограми кокаин – дознава Лидер од извори во истрагата.

Во обвинителство и полиција актерката Силвија Стојановска  ја застапувал адвокатот Петар Тимовски фото Лидер.мк

Како што објави порталот овој адвокатски тим вчера издејствувал домашен притвор за актерката Стојановска, која се сомничи дека е дел од мрежа за трговија со кокаин кој бил запленет во Шпанија.

Според извори на Лидер, во обвинителство и полиција актерката Силвија Стојановска  ја застапувал адвокатот Петар Тимовски а во понатамошната постапка за неа ќе бидат ангажирани двајцата адвокати од канцеларијата.

Инаку, роднина на партнерот на актерката Силвија Стојановска бил фатен од шпанските власти со 700 килограми кокаин па по барање на шпанските власти се истражува и македонската актерка.

Инаку познатата македонска актерка која е актуелна со серијата „Фамилија Марковски“ е осомничена за шверц со дрога која требала да се пренесува во Шпанија. Таа вчера попладне беше приведена и даваше изјава пред Кривичниот суд.

Триесетдневен куќен притвор вчера вечер и беше определен на актерката Силвија Стојановска отако претходно таа беше спроведена пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје.

Покрај неа, пред судија на претходна постапка беше изведено уште едно лице за кое по барање на Обвинителството му е определен 30дневен притвор.

– Пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доцна попладнево беа спроведени две лица со предлог на Обвинителството за определување мерки за обезбедување присуство. По ценење на фактите и доказите, судија на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството и на С.С. и определи мерка „куќен притвор“, а на В.Б. му определи мерка притвор за двајцата во траење од 30 дена, информираат од Кривичниот суд за МИА.

Против ова решение, двајцата имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести