Кога беше жив, Шабан Шаулиќ честопати велеше дека Крчедин е неговата оаза на мирот и дека планира да ја помине староста таму. Во последните години тој престојуваше претежно таму.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 февруари, 2020 18:23

ФОТО: Ова е куќата каде Шабан често пати одел за да биде сам- една година по неговата смрт и се заканува поплава!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Оазата на мирот каде легендарниот пејач Шабан Шаулиќ сакаше да се релаксира, само дванаесет месеци по неговата трагична смрт изгледа сосема поинаку. Дунав стигна до дворот, а околу дворот е вистински хаос.

Викендицата каде Шабан Шаулиќ најчесто сакал да се релаксира и одмара…

Кога беше жив, Шабан Шаулиќ честопати велеше дека Крчедин е неговата оаза на мирот и дека планира да ја помине староста таму. Во последните години тој престојуваше претежно таму.

Само неколку месеци пред трагичната несреќа во која го загуби животот, екипата на српски Курир гостуваше кај кралот на народната музика. Тој  беше домаќин и покажа како изгледа куќата каде често знае да се релаксира. Тој беше многу горд и среќен на неговата куќарка во Крчедин. При посетата на екипата на Курир, Шабан се возел на неговиот чамец на Дунав, а со него биле и  пријателите со кого одел на риболов.

Чамецот со кој Шабан одел на риболов…

Неколку дена пред годишнината од неговата смрт, екипата на српски Курир повторно го посетила местото каде Шабан често пати знаел да побегне од гратскиот метеж.

Ситуацијата беше сосема поинаква овој пат. Куќата на Шабан сè уште изгледа иста, но се забележува дека ретко кој доаѓа таму. Успеавме да стигнеме до дворот, каде забележавме дека не е редовно одржуван. Патеката која води до куќата беше полна со ѓубре исфрлено од реката. Забележително беше дека овој пат немаше дојдено никој.

Семејството Шаулиќ се уште се нема изјаснето што планира да прави со неговата „оаза“, па екипата на српски Курир ја контактираше вдовицата Гордана.

– Бев таму пред десетина дена. Сè беше добро. Не разбирам како е поплавено? Имаме човек кој ја одржува куќата чиста и секој ден се грижи за сè – кратко рече Гоца.

Од овој одговор може да се заклучи дека, барем засега, тие не планираат да ја продаваат викендицата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.