Во едно интервју, Северина ја споменува новинарката Татјана Војтеховски кога посочува дека Поповиќ имал помош од новинар за да дојде до целта. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 декември, 2019 17:41

ФОТО: Позната новинарка му помогнала на Милан да и го одземе синот на Северина

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пред три дена судот во Загреб донесе одлука која ја шокираше јавноста. Имено станува збор за веста која ја погоди цела естрада, откако беше одлучено да и биде одземено старателството за нејзиниот син Александар на познатата хрватска пејачка Северина.

Северина беше во шок од ваквата одлука и за медиумите истакна дека наводно новинарката Татјана Војтеховски, му помагала на нејзиниот поранешен сопруг, бизнисменот Милан Поповиќ за да ѝ го одземе синот на Северина.

Новинарката Татјана му помогнала на поранешниот сопруг на Северина да и го одземе синот…

Во едно интервју, Северина ја споменува новинарката Татјана Војтеховски кога посочува дека Поповиќ имал помош од новинар за да дојде до целта. 

Ја зема за пи-ар Татјана Војтеховски и дури и со нашите мејлови ги испраќаа овие мејлови, во кои таа дава точни инструкции што да пишуваат медиумите во Србија и Хрватска, рече тогаш Северина.

Инаку вчера за прв пат Милан Поповиќ за Курир.рс, прифати да ја искоментира пресудата на која старателството над малолетниот син со Северина, му припадна нему.

Оваа пресуда требаше да биде донесена од порано. Оваа постапка се оддолжи поради тоа што Северина не доаѓаше на рочиштата и тактиките кои ги одолговлекуваше нејзиниот адвокатски тим.

Задоволен или не задоволен, во овој момент тоа не е битно. Битно е дека оваа пресуда е најдобра за нашето дете, рече Поповиќ.

Ова се дел од причините поради кои го изгубила старателството:

– Одбивање соработка со институциите (недоаѓање на рочиштата и неодговарање на повици од Центарот за социјална работа)

– На социјалната работничка и рекла дека е крава.

– Го прогласи својот поранешен сопруг за селанец на судење

– Не дозволуваше детето да оди на училиште повеќе од еден месец

– Училиштето поднело пријава за занемарување на детето

– Медиумска изложеност на детето

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.