Реставраторите користеле електричен алат. Ги оставиле алатите меѓу 17 и 17.30 часот , а пожарот избувнал околу еден час подоцна.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 април, 2019 10:00

ФОТО: Овој занаетчија е првиот осомничен за пожарот во Нотр Дам

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Триесет и две годишниот Жулијен Ле Бра, кој е сопственик на мала занаетчиска компанија „Ле Брас Фререс“ во Париз, е првиот осомничен за избувнувањето на големиот пожар во Нотр Дам.

Инаку катастрофалниот пожар кој уништи дел од историјата на Франција, избувнал во поткровна празнина на врвот на кулата. Како што изјавија од полицијата нема осомничени за подметнување на пожарот, но при реставрирањето на катедралата Нотр Дам, се случиле неколку грешки.

Овој занаетчија е првиот осомничен за пожарот во Нотр Дам

Реставраторите користеле електричен алат. Ги оставиле алатите меѓу 17 и 17.30 часот , а пожарот избувнал околу еден час подоцна.

„Повеќе од кој било сакаме да се расветли оваа драма“, им изјави Ле Бра на новинарите.

Пожарот во катедралата Нотр Дам кој избувна пред четири дена, беше ставен под контрола дури во 3 часот по полноќ, а по осумчасовната огнена стихија, како што соопшти противпожарна служба на Париз, еден од пожарникарите се здобил и со тешки повреди.

Пожарот брзо се распламти, а успеа да ги проголта главната кула, која потоа се урна, а набрзо и целиот покрив по неа. Но освен крстот, огнената стихија ја преживеале и познатите витражи од Нотр Дам и покрај првичната информација дека се уништени.

Богородичната црква (Notre Dame de Paris) е готска катедрала на источната половина на островот Ил де ла Сите на реката Сена, со главен влез од западната страна. Ова е катедрала на Париз и седиште на архиепископот на градот. Богородичната црква се смета за најубавиот пример за француската готска архитектура. Името „Нотр Дам“ на француски значи „Нашата Госпоѓa“ (Богородица или Дева Марија).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.