Според информациите на порталот инфомакс.мк

Објавил: Узунов Бобан | 8 јуни, 2019 9:23

(фото) Од терористка во УЧК до директор на клиничкиот центар во Скопје !

Фото/Текст извор: ©магазин

Шкодране Дардишта, која сега е директорка на Клиничкиот Центар во Скопје, била дел од УЧК и учествувала во војните во Србија и во Македонија. 

Шкодране Дардишта била дел од ОНА во Македонија, а сега е директор на клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје. Ослободителната Народна Армија (албански: Ushtria Çlirimtare Kombëtare – UÇK), исто така позната и како македонска УЧК, претставувала терористичка организација која во текот на 2001 година започнала вооружен конфликт на територијата на Македонија. Македонската УЧк кадровски и организацски била тесно поврзана со косовската ОВК.

Дардишта, инаку кадар на ДУИ, според фотографиите била дел од војните во 1999 година во Србија и во 2001 година во Македонија, пренесе Инфомак.

Овој за јавноста досега непознат факт го коментира на Твитер и братот на Сашо Ордановски, Ванчо Ордановски. Тој веле „Шкодране Дардишта, тepoрист на ОНА, директор на Kлинички Центар Скопје, yбиeц у слободно време”. 


Историјат и делување на УЧК

Ослободителна војска на Косово или скратено ОВК (албански: Ushtria Çlirimtare e Kosovës – UÇK) — албанска терористичка организација на Косово која со нападни врз државните органи (војска, полиција и други) и цивили се бореше за независност на Косово и Метохија од Србија и СР Југославија. ОВК односно УЧК се бореше исто така за отстварување на таканаречена „Голема Албанија“. Според српски и западните разузнавачки служби основна форма на финансирање на ОВК се трговијата со дрога, која изнесува најмалку половина од своите средства, а добар дел од останатите средства беа собрани преку криминални активности.

ОВК била формирана во 1994 година, а прв пат во јавноста се појави во 1996 година. Целта беше независно Косово, а користиле секакви средства за вооружена борба. 

Список на масакри извршени од терористите на ОВК

  • Масакр во Клечка (26–27 август 1998) – 22 изгорени тела на Косовски Срби се пронајдени во импровизиран крематориум, меѓу нив и жени и деца
  • Масакр на Радоњичото езеро – убиство на 34 косовски Срби, кои масакрот се фрлени во езерото
  • Убиствата во Гнилане – во масовни гробници се пронајдени 80 косовски Срби во околината на Гнилане
  • Масакр во Ораховац – повеќе од 100 Срби и Роми се киднапирани, а околу 50 од нив се убиени во логори
  • Масакр во Старо Грацко – ликвидирани 14 српски земјоделци
  • Масовна гробница Угљаре – пронајдени 15 тела на косовски Срби
  • Масакр во Волујак – масакр над 25 косовски Срби цивили

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести