Таа на својот Инстаграм профил објави фотографија од својата матурска прослава која се случила пред 28 години.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 мај, 2019 11:14

ФОТО: Погледнете како изгледала Цеца на матурската вечер пред 28 години

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата српска пејачка, Светлана Ражнатовиќ-Цеца слободно можеме да кажеме дека е една од најубавите и најзгодните пејачки на Балканот.

Цеца на својата матура

Таа на својот Инстаграм профил објави фотографија од својата матурска прослава која се случила пред 28 години.

Имено Цеца веќе на денот на својата матура била голема ѕвезда на само свои 18 години и зад себе имала издадено неколку хитови.

Фустан со розева боја, златен накит, шминка и залижана коса, и мора да признаеме дека воопшто не изгледа лошо.

Прекрасно изгледаш, и претходно и сега, Анастасија личи на мајка си, Цеца ти си супер мајка, Цеца ти си единствена, се само дел од коментарите под фотографијата.
Но многумина искоментираа и дека од фотографијата се гледа дека Цеца денес има многу естетски корекции кои навистина не и биле потребни.

Денеска таа е една од најголемите ѕвезди на Балканот позната по својот добар изглед и стил, па дури и денес поради тоа  привлекува внимание и на многу помладите дечковци.

На социјалните мрежи се појави една фотографија од младоста на Цеца која потврдува дека таа била и тоа како привлечна и на почетокот на својата кариера.

Инаку Цеца е родена во Житоража на 14 јуни 1973 година. 

На 19 февруари, 1995 година, Цеца се мажи со Жељко Ражнатовиќ Аркан. Го родила својот син, Вељко на 10 декември, 1996, а подоцна и ќерката Анастасија на 25 мај 1998 година. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.