За време на средбата во Вила Водно, претседателот на Папата Франциск му подари резбан албум со авторски фотографии од христијанското културно-историското наследство на Македонија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 мај, 2019 15:46

ФОТО: Погледнете што му подари претседателот Иванов на Папата Франциск

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Актуелниот претседател во заминување, Ѓорѓе Иванов заедно со премиерот Зоран Заев го пречека папата Франциск, на Аеродромот во Скопје, од каде се упатија во претседателската вила на Водно.

Преку овие фотографии е прикажана милениумската христијанска историја, традиција и уметност во Македонија.

За време на средбата во Вила Водно, претседателот на Папата Франциск му подари резбан албум со авторски фотографии од христијанското културно-историското наследство на Македонија.

Во албумот има 153 фотографии кои биле лично избрани од претседателот Иванов. Фотографиите се укоричени во резба изработена од охридски копаничар. Преку овие фотографии е прикажана милениумската христијанска историја, традиција и уметност во Македонија.

Меѓу нив има ранохристијански мозаици и базилики, средновековни цркви, фрески, икони и ракописи, како и резбани иконостаси од македонските манастири.

За време на средбата претседателот Иванов му ја раскажа целата реална ситуација во Македонија, опишувајќи ја нашата држава како тешко ранета.

Во албумот има 153 фотографии

Ве пречекувам на крајот од мојот мандат како претседател, и морам да кажам дека ми е голема чест што вака го завршувам мојот мандат. Вие доаѓате во време кога македонското општество е длабоко поделено, а македонската држава е тeшкo paнета поради пpeкршени ветувања и изневepени очекувања.

Децениската блокaда на нашиот европски пат доведе до политички и морални кризи кои го намалија нашиот духовен имунитет и ги epодираа вистинските и трајните вредности.

Црквата и џамијата служат за злoyпотреби како граничници, тврдини за маркирање и бpaнење на замислени територии, како да се заборава дека сите ние сме луѓе без разлика на нашата вера. Јас како православен христијанин ги претставувам сите граѓани, независно од нивната религија. Затоа како Македонец замолив да дојдете во Македонија и да ни помогнете во духовната обнова на нашата татковина“, изјави Иванов на средбата со папата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.