Ним радијацијата не им била пречка за да направат такви фотографии.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 јуни, 2019 15:45

ФОТО: Полуголи манекенки позираат во Чернобил, авторот на серијата со остри критики до нив

Фото/Текст извор: ©magazin.mk ФОТО: Курир.мк

Серијата „Чернобил“ го достигна врвот кога станува збор за гледаноста. Таа со само шет епизоди успеа да го освои светот, и е погледана дури и од легендарната серија “Game of Thrones”.

Полугола манекенка, во танги, со речиси изваден задник, позира во Чернобил

Но големата популарност на „Чернобил“ ги заинтрегира гледачите да се упатат кон местото на најголемата нуклеарна катастрофа, и одблизу да се запознаат со градот кој ден денес говори за најголемата катастрофа во историјата.

Чернобил беше примамливо место и за прекрасните манекенки. Неколку познати светски манекенки се упатија кон оваа дестинација но изгледа малку претераа.

Имено неколку од нив се најдоа на тапет на озборувањата откако на социјалните мрежи поставија полуголи фотографии, позирајќи во околината на Чернобил.

По се изгледа ним радијацијата не им била пречка за овие фотографии, туку едноставно биле фокусирани на своите следбеници да го покажат нивното тело, па макар и тоа да биде позирајќи во најрадиоактивниот град каде милиони лица доживеаа трагедија.

Јулија Баслер е еден од моделите на фотографиите која го посетила Чернобил неколку пати, но за медиумите вели дека тоа го правела и пред серијата да биде популарна. Во една прилика направила неколку фотографии од таму, но подоцна ги избришала бидејќи добила жестоки коментари дека „ќе направи се за лајкови“.

Полугола манекенка позира во Чернобил

 

Полугола манекенка позира во Чернобил

По овие фотографии се огласи и авторот на најпопуларната серија „Чернобил“ .

Тој јавно ги критикуваше несоодветните фотографии што згодните манекенки ги објавуваат на социјалните мрежи од посетата на напуштената област во Украина.

-Прекрасно е што серијата „Чернобил“ предизвика голем туристички бран во оваа зона. Да, ги видов фотографиите насекаде. И затоа сакам да порачам- ако го посетите местото, запомнете дека таму се случи ужасна трагедија. Прифатете го тоа и имајте малку почит кон оние кои настрадаа и беа жртви, напиша Крег Мазин на Твитер.

Инаку Чернобилска несреќа е всушност најголемата несреќа во историјата на нуклеарните централи и до денес единствен случај на седми степен на нуклеарен настан според Меѓународната скала на нуклеарни настани.

Несреќата се случила на 26 април 1986 во 01:23:40 часот  во нуклеарната централа во Чернобил, Украина кога дошло до експлозија. По првата, дошло до ланец од неколку експлозии и пожари кои создале радиоактивен облак во атмосферата кој потоа се раширил над широк географски регион. Радиоактивниот облак бил 30-40 пати поголем од оној што настанал над Хирошима.

Главна причина за несреќата пред сè била недоволно испитаната технологија на овој тип реактор и негова нестабилност при ниска сила на реакторот, но исто така не треба да се занемари човечкиот фактор, лошото управување и недоволното искуство на операторот со реакторот. Таа ноќ кога се случила несреќата, била предвидена реализација на експеримент на реакторот. Кога тестот започнал, опреаторите започнале со намалување на силата на реакторот. Реакторот бил со сила од 200 мегавати и бил многу тежок за контролирање, и затоа операторите извадиле голем број на шипки за регулација.

На 1 јанури 2006 година во Украина 2.594.071 лица имале статус на настрадани од Чернобилската катастрофа. Нагло, скоро за 1,8 пати пораснал контингентот на категоријата на инвалидите на Чернобил. Најмногу (24%), поради смрт, се скратил бројноста на учесниците во расчистувањето на последиците од хаваријата во 1986-1987 год.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести