Во рок од три години, нашите ракометари успеаја двапати во свои раце да го држат трофејот за шампиони во Европа, и да го освојат европското злато во Лигата на шампиоите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 јуни, 2019 11:07

ФОТО: Првите честитки за Вардар од поразената Барса

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Сите честитки и пофалби одат на контото на Р.К. Вардар по вчерашната победа над Вестпрем, која го направи македонскиот клуб по втор пат европски шампион.

Ракометниот клуб Барселона со честитки за Вардар

Во рок од три години, нашите ракометари успеаја двапати во свои раце да го држат трофејот за шампиони во Европа, и да го освојат европското злато во Лигата на шампиоите.

Хероите на Вардар буквално го оставија срцето на терен и покажаа како се сака Македонија. Тие вчера одиграа неверојатен натпревар и стигнаа до голема победа од 27:24 против Веспрем.

Првата честитка веднаш по последниот судиски свиреж за ракометарите на Вардар стигна од поразениот тим во полуфиналето –Барселона, која Вардар ја исфрли од финалето.

Да потсетиме Вардар ја совлада Барселона во полуфиналето со 29:27, откако направи неверојатен пресврт на натпреварт кој се одигра завчера. 

Вардар ја совлада Барселона и оствари голема победа над шпанскиот шампион Барселона со 29 наспрема 27 во второто полуфинале на фајнл-фор турнирот на ракометната Лига на шампиони. 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...