Лидер објави дека откако соседите на Рашковски до редакцијата пријавиле дека генсекот на Владата се подновил со нова кола, тие го проверивле неговиот анкетен лист, но таму не стои дека Рашковски поседува ново возило.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 август, 2019 23:04

(ФОТО) Рашковски се поднови со службено BMW !

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Генералниот секретар на владата Драги Рашковски се подновил со нов автомобил и тоа ни помалку ни повеќе, со ново BMW кое повеќе од два месеци е паркирано во дворот на зградата во која што живее, објави Економски Лидер.

Во полиција, автомобилот BMW, со регистерски таблички SK4673AS е регистриран на име на генералниот секретаријат на Владата.

Лидер објави дека откако соседите на Рашковски до редакцијата пријавиле дека генсекот на Владата се подновил со нова кола, тие го проверивле неговиот анкетен лист, но таму не стои дека Рашковски поседува ново возило.

Рашковски секој ден си ја развозува фамилијата со новото BMW, кое секоја вечер е паркирано пред зградата во која живее, непосредно покрај трговскиот центар Бисер во Аеродром, сведочи за Лидер, сосед на Рашковски.

Затоа што колата ја нема во анкетниот лист на Рашковски, Лидер преку свој извор во МВР преку регистерските таблички провери чија сопственост е. Во полиција, автомобилот BMW, со регистерски таблички SK4673AS е регистриран на име на генералниот секретаријат на Владата.

Ова значи дека Рашковски дома си оди со служебеното возило кое си го користи како приватно истото секоја вечер е на неговиот паркинг. Како што дознаваме, покрај него уште неколку државни функционери се подновиле со нови државни BMWа, кои си ги користат и приватно.

Извор Економски Лидер

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести