Книгата чини 35 долари и може да се нарача на интернет. Покрај интересните приказни има и аудио разговори со измаментите лидери.

Објавил: Перо Милчин | 13 јули, 2019 22:35

(ФОТО) Руските комичари што го зафркаваа Заев, имаат издадено и книга за сите измамени политичари!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Руските комичари, со уметнички имиња Вован и Лексус, на кои наседна и премиерот Заев, имаат издадено и книга во која се напишани сите измами што им ги направиле на светските политичари.

Комичарот Алексеј Столјаров – Лексус, кој се преправал дека е украинскиот претседател Петро Порошенко во разговорите со Зоран Заев, откри дека до македонскиот премиер стигнале преку неговиот протокол. После тоа комуникацијата се одвивала многу лесно, самиот Заев го дал својот телефонски број.

Лексус: Ова ни е првпат да ни се случи една од нашите „жртви“ како што ги викаме, да не сфати кои сме. Затоа ова беше одлично искуство за нас, разговорите со Заев. Исто така, ни беше чудно што Заев беше особено пријателски настроен кон нас, кажа многу повеќе од тоа што го прашавме и беше апсолутно отворен кон нас. Навистина е личност која многу зборува, ние не му ни баравме да ни даде толку многу информации.

Руските комичари имаат издадено и книга, а во оригинал се вика „По ком звонит телефон“, односно „Кому му ѕвони телефонот“.

Книгата може да се купи по цена од 35 долари и може да се нарача на интернет. Покрај интересните приказни има исто така и аудио разговори со измамените лидери.

Досега на нивните шеги наседнаа Зоран Заев, Рамуш Харадинај, Федерика Могерини, Хуан Гваидо, Жан Клод Јункер, Ердоган, Мило Ѓукановиќ, Макрон… и многу други политичари.

Но од сите наброени државници само на премерот Зоран Заев му требале дури 9 месеци да разбере дека бил предмет на зафркација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.