За неа успехот доаѓа заедно со убавиот карактер и манирите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 февруари, 2019 18:24

ФОТО: „Сексипилната саксофонистка на Лозаноски ги освои сите погледи на „Златна бубамара“

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Александра Илиева, прекрасната саксофонистка на Влатко Лозаноски ги освои сите погледни на „Златна бубамара“.

Таа е дел од тимот на познатиот македонски пејач Влатко Лозаноски, кој доби награда за најдобар пејач и за хит на годината.

Александра потекнува од музичко семејство и истакнува дека поради тоа ја засакала музиката.

 

 За порталот МКД.мк. Александра изјави дека љубовта кон музиката ја почувствувала преку саксофонот и со него сфатила дека музиката ќе биде нејзина идна професија“.

За неа успехот доаѓа заедно со убавиот карактер и манирите.

Александра вели дека природната убавина за неа е најважна и дека за себе користи само козметика која се одликува со сè што е на природна база и природни бои. Користи маскара, моливче за очи, руменило, сенки за очи и сјај за усни што само ги потенцираат цртите на нејзиното лице.

За нејзиното тело и витка става вели дека заслужна е исхраната која изобилува со овошје и зеленчук.

Луѓето ги препознава преку очите бидејќи „Очите го отсликуваат внатрешниот изглед на секој човек.

Александра е девојка со стил. А самата за стилот вели вака „Стилот ја илустрира емоционалната состојба кај секој човек“. Дел од нејзиниот стил е и саксофонот, инструмент на кој свири секојдневно по неколку часа. А ние едвај чекаме да слушнеме да ни засвири на сцената.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.