Павле беше мета на Твитер и имаше најразлични твитови за него, но последниот кој предизвика реакции е наводниот таксист кој го снимал Павле и снимката ја објавил преку Илија Громовник.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 мај, 2019 20:33

ФОТО: Се јави таксистот на Павле Богоевски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите застана во одбрана на пратеникот од редовите на СДСМ, Павле Богоевски кој во моментов е актуелен по аудио снимката која предизвика фама во јавноста.

Павле беше мета на Твитер и имаше најразлични твитови за него, но последниот кој предизвика реакции е наводниот таксист кој го снимал Павле и снимката ја објавил преку Илија Громовник.

Денеска премиерот го заштити Богоевски а од обвинителството се уште не е најавена истрага иако Заев денеска рече дека истрагата ќе се заврши.

Твитерџиите си поигруваат со изјавите на Заев и Богоевски

На оваа тема твитерџиите решија малку да си поиграат и започнаа шега на сметка на пратеникот Павле Богоевски.

Како што тој самиот потврди уште вечерта кога беше објавена аудио снимката, станува збор за таксист кој го снимал додека тој порачувал масло од канабис за својата сестра, па според информациите на обвинителството сега се бара непознатио таксист кој најверојатно го снимал Богоевски. Твитерџиите со цел да ја исмејат власта на твитер пишуваат Јас сум таксистот на Павле, и пратеникот доби “синџир” на Твитер. … Целта е да се исмее обидот на Павле и Заев да ја манипулираат јавноста.

Инаку премиерот Заев денеска изјави дека Богоевски успешно се покажал во Собранието и дека каква и политичка одлука да донесе тој ќе ја почитува.

Јас сум транспарентен човек секогаш сум повикувал на одговopност, сум paзрешил луѓе, директори…Сега зборувам за нови пpoмени. Она кое што во приватниот живот на одредена личност нема рефлekсија врз извршувањето на неговата јавна функција за мене е негово лично пpaво како се однecyва. Затоа и мојата политичка партија соопшти дека тоа е негово лично пpaво, негова лична одговopност и етичko однecување. Неговото работење во парламентот е ycпешно. Тој е еден од активните учесници во парламентот и учествува во комисиите. Каква и политичка одлука да донесе ќе ја почитувам, изјави Заев .

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.