Александар Спасов професор со фејк докторат ?

Објавил: Узунов Бобан | 3 октомври, 2019 19:39

(фото) Советникот на Пендаровски Спасов со лажен докторат во постапка за одземање ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Огромен скандал со сомнителни докторати на Правниот факултет „Јустинијан Први“ открива „Економски Лидер“ во 5 продолженија. 

Незаконските докторати ги открил „Државен просветен инспекторат“ и инспекторот Предраг Илиевски, но и покрај тоа што пред скоро една година извештајот за петте незаконски докторати бил пратен до министерот Арбер Адеми, тој не реагира и не постапува по Законот за високо образование, според кој тие треба да бидат поништени и кандидатите повторно да ги бранат.  

Александар Спасов е дел од академското крило во СДСМ кој е активен во едукација на младината на СДСМ токму преку фондацијата Фридрих Еберт. Александар Спасов е син на универзитетскиот професор Људмил Спасов кој исто така важи за близок до СДСМ.

Затоа што министерството не реагира, свиркач до редакцијата на „Економски Лидер“ ги достави записниците од инспекцискиот надзор, но и известувањето кое инспекторатот го доставил до министерот заедно со записникот.

Во првото продолжение од нашето истражување на тапет е докторатот на Александар Спасов, професор на „Јустинијан Први“ и советник на претседателот Стево Пендаровски.

Записникот, кој е со потврдена автентичност – покажува дека младиот функционер на владејачката СДСМ кој во исто време е и професор и советник на Пендаровски – докторатот го одбранил пред 5 члена на комисијата но спротивно на законот, еден од членовите го немал потребното звање и само како доцент му бил во комисијата на Спасов.

Во исто време, втората неправилност која се констатира а која според законските норми исто така би значела одземање на докторатот е тоа што Спасов во неколку наврати ја менувал темата за одбрана на докторатот без притоа да добие дозвола од Наставно Научниот Совет.

Во прилог ви го доставуваме целиот записник на инспектарот, кој се однесува на докторатот на Александар Спасов.

 

 

 

   

Целиот записник, проследен со известување, инспекторатот го доставил до Министерството за образование, кое согласно членот 205 од законот за високо образование е надлежно во вакви ситуации да го одземе докторатот.

– Ако министерството надлежно за работите на високото образование во вршењето на правото на надзор над законитоста на работата утврди дека високообразовна установа издала диплома спротивно на одредбите од овој закон, донесува решение за поништување на дипломата што се објавува во средствата за јавно информирање и поднесува до јавниот обвинител пријава за кривично гонење на одговорното лице. – стои во законот за високо образование.

Инспекторатот повел постапка за одземање на докторатот на Спасов, заедно со останатите доктори, кои ќе ги објавуваме во наредните продолженија, но повеќе од година нема никаква реакција од министерот Арбер Адеми.

Во прилог и известувањето кое е испратено до министерот.

   

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести