– Секоја година МО организира освојување на некои од нашите врвови. Минатата година на Галичица, пред минатата на Крушево. Оваа година сме во Маврово. Нашите стратешки цели се секако искачување на еден од планинските врвови.

Објавил: Владо Марин | 6 септември, 2020 14:22

(Фото) Шекеринска и амбасадорите планинареа на Бистра во чест на Денот на независноста

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Под мотото “Ние сме НАТО”, а по повод Денот на независноста 8-ми септември, на падините на Бистра во тек е планинарска тура на која учествуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, како и неколку амбасадори во земјава.

Падините на Бистра го одземаат здивот. Непрегледни пасишта, бачила и прекрасна панорама на Мавровската долина и езерото. Се искачуваме заедно со сојузниците по падините на Бистра, во чест на Денот на независноста кој годинава го одбележуваме за прв пат како земја членка на НАТО. Еден врв е освоен, една стратешка цел е постигната. Продолжуваме понатаму, рече министерката!

Под мотото “Ние сме НАТО”, а по повод Денот на независноста 8-ми септември, на падините на Бистра во тек е планинарска тура на која учествуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, како и неколку амбасадори во земјава.

Шекеринска напомена дека оваа година првпат Денот на независноста го прославуваме како земја членка на НАТО.

 Секоја година МО организира освојување на некои од нашите врвови. Минатата година на Галичица, пред минатата на Крушево. Оваа година сме во Маврово. Нашите стратешки цели се секако искачување на еден од планинските врвови. Ни треба план, ни треба организација ни треба сила, ни треба издржливост. Минатата година го правевме тоа во очи на нашата амбиција да станеме членка на НАТО и мислевме качувањето на Галичица е тешко, но сите успеавме да го искачиме. Оваа година го правиме за првпат како членка на НАТО, не беше лесно и беше уште потешко затоа што амбициите ни станаа уште поголеми. Така и со нашето членство во НАТО. Успеавме да ја реализираме ова 30 годишна цел, но меѓутоа тука не запираме –  рече Шекеринска по завршената тура.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.