Јане боледува од спинална мускулна атрофија а за прв пат месецов го доби потребниот лек Спинраза. Јане денеска за прв пат успеа да го прими лекот Спинраза, и радосната вест ја објави на својот профил на Истаграм.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 ноември, 2019 14:27

(ФОТО) Јане во болница, конечно лекот „Спинраза“ во негови раце, радосната вест ја сподели со јавноста

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Херојот Јане Велковски кој и е познат на македонската јавност како борец кој се грижи за правата на децата со ретки болести.

Јане боледува од спинална мускулна атрофија а за прв пат месецов го доби потребниот лек Спинраза. Јане денеска за прв пат успеа да го прими лекот Спинраза, и радосната вест ја објави на својот профил на Истаграм.

Имено Јане изминатот период е во центарот на вниманието во Европа, откако говореше на глобалниот самит на Обедитените нации во Њујорк за Светскиот ден на детето.

Јане од болница со долгоочекуваниот лек „Спинраза“. Радосната вест ја сподели на Инстаграм.

Тој на панел дискусијата во ОН, со својот говор предизвика емоции кај многумина.

Мене не ми смета мојата пречка, туку ми сметаат пречките од околината. Ме нервира кога сум спречен да одам негде ако нема рампа или ако нема превоз за мене и родителите мораат да ме носат. До сега бев мал па родителите ми помагаа и ги отстрануваа пречките за мене. Но сакам да пораснам во човек кој ќе биде независен, порача 11-годишниот Јане Велковски,  застапник за правата на децата со попреченост на панел дискусијата – „Да не изоставиме ниедно дете: за секое дете, сите права“ на собирот на високо ниво во Генералното собрание на Обединетите нации.

Јане Велковски стана симбол на борбата на пациентите со оваа болест .

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести