Северина Којиќ и Милан Поповиќ денеска не се во добри односи иако порано беа многу заљубени и среќни а доказ за тоа се фотографиите од нејзината бременост кои беа објавени неодамна на социјалните мрежи од 2012 година, времето кога тие го очекуваа својот синАлександар.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 февруари, 2020 10:33

ФОТО: Ја гали Северина по стомакот- пејачката бремена, а тој не се одделува од неа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата српска пејачка Северина во 2012 година беше во брак со бизнисменот Милан Поповиќ, со кого го очекуваше и своето дете, синот Александар.

Северина Којиќ и Милан Поповиќ денеска не се во добри односи иако порано беа многу заљубени и среќни а доказ за тоа се фотографиите од нејзината бременост кои беа објавени неодамна на социјалните мрежи од 2012 година, времето кога тие го очекуваа својот синАлександар.

Не е наведено кој е автор на фотографиите, но очигледно е направена во домашна атмосфера.

 

Во јавноста излегоа фотографии од бременоста наСеверина, во 2012 година кога беше во брак со нејзиниот сега веќе поранешен сопруг, бизнисменот Милан Поповиќ со кого го има синот Александар, над кој пејачката неодамна го изгуби старателството.

Да потсетиме, неодамна Северина ја изгуби битката за старателство над синот Александар, а и понатаму води битка со поранешниот сопруг околу тоа да го врати старателството.

Инаку во јавноста кружат информации и коментаридека познатата пејачка Северина Којиќ, која е во брак со фудбалерот Игор Којиќ и е снаа на пејачот Кеба, е повторно бремена. 

Северина ги следи светските трендови и постојано објавува фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа објави фотографија на Инстаграм во црн корсет а со описот на фотографијата привлече многу внимание:

„Никогаш не заборавајте да бидете жена и да се чувствувате добро во вашата кожа“, напиша Северина.

Покрај многубројни лајкови и комплименти, имаше и интересни коментари.

Покрај низа пофалби и критики, два од коментарите привлекоа големо внимание но Северина не одговори:

Еден коментар гласеше, На прв поглед мислиш, „Сека Алексиќ, додека оној кој предизвика најголемо внимание е : „ Повторно си бремена?“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.