четврток, 25 април 2024

MK/ EN/ DE



Јана Димитрова на профилот напишала дека во моментов е стажант во одделот за човекови права на Министерството за надворешни работи.

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 март, 2019 11:04

ФОТО: Ќерката на Димитров ангажирана во МНР?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ќерката на акуелниот министер за надворешни работи Никола Димитров, на нејзиниот профил на професионалната мрежа „Линкедин“, вчера се пофали дека е ангажирана и стажира во Министерството за надворешни работи, пишува ЛИДЕР.

Јана Димитрова, ќерката на Димитров на профилот напишала дека во моментов е стажант во одделот за човекови права на Министерството за надворешни работи.

Јана Димитрова има 20 години, таа е најстарото од трите деца на министерот Никола Димитров. Таа минатата година во време кога студентскиот стандард беше во опаѓање, експресно доби стипендија од 40.000 евра од владата во која министерува нејзиниот татко.

Но се уште останува непознато дали станува збор за  македонското МНР, кое е предводено од  нејзиниот татко или за МНР на Холандија.

Јана Димитрова ќерка на министерот за надворешни работи Никола Димитров ,во август минатата година од Министерството за образование и наука добила стипендија за студии во Холандија во висина од 40.000 долари.

После скандалот кој го откри Магазин минатата година на 4-ти Август тогашната министерка за образование, а сега за правда Рената Дескоска, со решение број 14-9573/1 формирала комисија за доделување на стипендии за додипломски студии во странство.

Со комисијата претседавала Маринела Маричиќ Тушева, поранешна пратеничка од СДСМ и сопруга на првиот советник на Заев за надворешна политика, Бојан Маричиќ.

Веднаш, истиот ден комисијата се состанала и oдлучила по барањето на Јана Димитрова, ќерка на тогашниот и сеуште актуелен министер за надворешни работи Никола Димитров, да и додели стипендија за студии во Холандија во висина од 40.000 долари.

Таткото на Јана, Никола пак, според имотниот лист што го пријавил во Државната комисија за спречување на корупција, во Холандија има стан од 132м2 во Хаг, кој пак е оддалечен 69 километри од Утрехт, односно 40 минути возење со воз до Универзитетот на Димитрова.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.