Кризата којашто ја предизвика пандемијата од новиот коронавирус покажаа колку Франција и остатокот од Европа се зависни од веригите на снабдување од Кина и од другите делови на светот.

Објавил: Владо Марин | 15 јуни, 2020 6:41

ФРАНЦИЈА СЛАВИ: Макрон прогласи прва победа против коронавирусот

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Францускиот претседател Емануел Макрон во своето обраќање до нацијата во неделата рече дека треба да се гради Европа независна од САД и Кина, прголасувајќи ја и „првата победа“ на својата држава против коронавирусот.

Кризата којашто ја предизвика пандемијата од новиот коронавирус покажаа колку Франција и остатокот од Европа се зависни од веригите на снабдување од Кина и од другите делови на светот.

„Ова искушение ги покажа недостатоците и ранливоста: нашата зависност од другите континенти при обезбедувањето на некои добра. Единствениот одговор е градење нов, силен економски модел, и повеќе работа и производство за да не бидеме зависни од другите“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон во телевизиското обраќање до нацијата, истакнувајќи дека сака Европа од ова да извлече лекција.

Францускиот претседател најави дека ќе ги забрза плановите за отворање на државата и ублажување на мерките воведени со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, објави Нетпрес!

„Војната против епидемијата не е завршена, но среќен сум поради оваа прва добиена битка против вирусот“, објави Макрон, додавајќи дека рестораните и кафетериите од понеделник може повторно да бидат отворени.

Француските власти очекуваат дека економијата оваа година ќе падне за 11 отсто, а Макрон најави дека Франција за помош на стопанството да издвои околу 500 милијарди евра. Вети, меѓутоа, дека трошоците за одржување на дејностите на компаниите и вработеноста на населението нема да биде на товар на даночните обврзници.

Тој се осврна и на антирасистичките протести кои по САД се проширија ширум светот, па и низ Франција која е критикувана поради лоп третман кон нејзините малцинства.

Макрон рече дека бојата на кожата често ги намалува шансите во Франција и вети дека ќе биде непоколеблив по прашањето на секаква дискриминација.

Но претседателот на земјата која има големо колонијално минато истакана и дека Франција „нема да избрише никаква трага или име од своето минато“ или „да урива споменици“, притоа алудирајќи на уништувањето на спомениците на историските личности за кои демонстрантите тврдат дека имаат расистичко минато, во државите како САД, Велика Британија или Белгија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.