Во неизвесна трка до самиот крај, тој успеа да го победи македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев, кој, пак се искачи на првото место во генералниот пласман.

Објавил: admin@magazin | 24 август, 2019 19:22

Французинот Аксел Рејмонд победник на ОХРИДСКИОТ МАРАТОН!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Аксел Рејмонд од Франција, актуелниот светски првак, е победник на Охридскиот маратон кој се одржа денеска.

Аксел Рејмонд го освои првото место на меѓународниот пливачки маратон во Охрид, кој е четвртата трка од Ултра Гран при серијата на ФИНА.

Во неизвесна трка до крајот, тој успеа да го победи македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев, кој, пак се искачи на првото место во генералниот пласман.

Франческо Џетини го достигна третото место, додека Италијанецот Стокино на 4. позиција на патеката од Свети Наум до Охрид долга 25 километри.

Кај жените триумфот заслужено и припадна на Алис Франко, која 25-километарската патека ја исплива за време од 5:41:15 часа, пред второпласираната Ерика Јенсен од Аргентина (5:42.31) и бронзената Пилар Геихо исто така од Аргентина со остварено време 5:50:30 часа.

Овогодинешното издание на маратонот во Охрид беше под покровителство на претседателот на државата Стево Пендаровски, а наградениот фонд изнесуваше 15.000 долари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.