Бојаџи на социјалните мрежи го пренесе коментарот на амбасадорот на Франција во Македонија за неговото уметничко дело "Ругање со Христа" кое за влакно се спаси од цензура

Објавил: Мирко Бачиќ | 15 октомври, 2018 13:48

Францускиот амбасадор го гледаше “Ругање со Христа”, пофални зборови за режисерот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Францускиот амбасадор во Македонија, Кристиан Тимониер, синоќа имаше можност, премиерно да го погледне филмското остварување “Ругање со Христа” на режисерот Јани Бојаџи.

По филмот, амбасадорот Тимониер, со пофални зборови за уметничкото дело на Бојаџи:

Ти благодарам. Го гледав филмот вечерва.

Повеќе го разбрав како медијација врз наследството на културата на насилство, отколку било што друго и пред се како химна на животот и љубовта. Ти благодарам за ова

Кристиан Тимониер 
Француски амбасадор 

По овие зборови на пофалба, се огласи и режисерот Јани Бојаџи кој на социјалните мрежи напиша:

Му благодарам на Амбасадорот на Франција за вниманието и интересот за филмот,”Ругање со Христa” и за мојата работа како уметник воопшто.

Долги години избегнував вакви средби. Ги сметав за “кодошење” на сопствента земја кај странци. Но веќе немам избор.

Си ветив, ќе отидам кај секого каде што ќе можам да ве демаскирам, раскринкам и докажам дека ги лажете за тоа што сте: лажни левичари кои подржуваат милитаристички организации, псевдо уметници кои забрануваат и подржуваат забрана на уметност, конвертити чии татковци и дедовци биле антизападни бољшевици и каповци на комунистичките тајни служби, црвена буржуазија која триесет години создава конфликти од кои се храни и живее!

Борбата е тешка. Ама ќе победиме.

Вистината, секогаш победува, нели? – напиша Бојаџи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Град Скопје реагира на лагите и манипулациите изнесени на денешната прес-конференција на Вмро-Дпмне во врска со Универзална сала!

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА Град Скопје реагира на...

Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион.

УНЕСКО бара до 1 февруари да биде изготвен извештај за постапувањата по препораките

УНЕСКО бара до 1 февруари наредната година да биде изготвен извештај за постапувањата...

„Новата градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 0 до 6 години, за чија изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика издвои 50 милиони денари.

Шахпаска: Општина Липково добива нова детска градинка која ќе згрижи 102 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска  заедно со градоначалникот...