Тимоние се сомнева во законитоста Заев да биде и премиер и министер за финансии.

Објавил: Узунов Бобан | 3 јули, 2019 13:49

Францускиот амбасадор Тимоние: Има конфликт на интереси ако Заев е премиер и министер за финансии ?

Фото/Текст извор: ©магазин

 Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние   во интервју за порталот vecer.mk,  разговара за датумот за преговори, за партизацијата на државната администрација, за преспанскиот договор, за корупцијата во Македонија, за опозицијата и односите со соседите и други теми. 

Амбасадорот Тимоние смета дека со најавата на премирот да биде и министер за финансии се остава простор за конфликт на интереси бидејќи како што изјави и самиот ако законот ја исклучил таа можност, тоа значи дека постои опасност од конфликт на интереси. 

  • Што мислите за тоа што премиерот Зоран Заев сакаше да биде министер за финансии и ќе биде времено до избор на нов

Прво, за тоа дали портфолиото на финансиите може да се придружи кон премиерската функција, мислам дека се појави правен проблем и дека според законот, не може. Сметам дека тоа е елемент што треба да се додаде на кредитот на Премиерот. Во овој случај, тоа што тој се откажа е позитивен чекор, бидејќи и дава предност на правната држава. Што се однесува до ефикасноста – граѓаните бараат ефикасност. Дали ќе беше поефикасно ако премиер ги води финансиите знаејќи дека постои таа перцепција за конфликт на интереси? Ако законот ја исклучил таа можност, тоа значи дека постои опасност од конфликт на интереси. Не треба да се потцени барањето за ефикасност, бидејќи општеството треба да има ефикасни институции, но постапката за избор и правната држава треба да се почитуваат.


Магазин вчера пишуваше дека нема законски основ за Заев да биде и министер за финансии, бидејќи во Законот за Влада во членот 8 каде се утврдени надлежностите на Владата не постојат законски одредби врз основа на кои може да се овласти претседателот на Владата да врши функција на министер по овластување на одлука на Владата.


                                                          Не треба една партизација да се замени со друга. 

  • Споменавте дека се сензитивни моменти во ЕУ. Тоа значи дека Македонија ќе мора да направи двојни напори за да ги избегне тие сензитивни моменти и да ја увери ЕУ да и даде датум. Кои се 3 основни работи кои мора да ги направи Македонија до октомври за да добие датум?

– Земјата претстави своја агенда во јуни 2018. Тоа е агендата 3-6-9, за којашто ние имаме свое мислење. На тој начин и останатите земји ќе ги разгледаат состојбите во октовмри, врз основа на извештајот од ЕК и детално ќе ги анализираат. Агендата на македонската Влада беше навистина амбициозна.

Од друга страна, постои суштествена двојност во реформите. Текстовите кои се усвоени во рамките на правната држава треба да бидат разграничи на она што значи општ, заеднички интерес од една и политички интерес, од друга страна.

На првото ниво е активно Министерството за информатичко општество и администрација, заедно со Секретаријатот за европски прашања. Работевме со господинот Османи на спроведувањето на 4 работилници – што се покажа како потребно во процесот на подготовката на Секретаријатот за отворањето на преговорите во што добри услови, а за тоа имаме поддршка и од Националното собрание на Франција. Тоа е, како што реков, првото ниво.

Второто ниво е поврзано со практичниот аспект. Да се види каква е практичната примена на тоа што е усвоено. Во области коишто се крајно чувствителни, како правосудството, борбата против корупцијата – треба да се види како усвоените текстови кои беа оценети позитивно се имплементираат во пракса. Тие беа усвоени со ЕУ поддршка. Треба да се види каков ефект имаат во пракса. Не е едноставно, бидејќи како што рекол еден познат филозоф: кога еден систем се реформира, тогаш тој е најкревок, најхаотичен и граѓаните тогаш се разочаруваат. Затоа е потребана луцидност во такви моменти.

Барањата од ЕК се јасни – да се деполитизира администрацијата, препораките и забелешките на Прибе исто така се јасни – дека државата е партизирана, дека постои опасност да се премине од една партизација во друга. За жал, тоа е еден системски проблем. Вашиот систем почива на поврзаноста на институционален план од најниско ниво, па сè до министерствата. Земете го образованието, на пример. Постојат забелешки во различни форми во врска со почитувањето на статутот на функционерите, но исто така и за постапките за нивно назначување. Впечатокот кој го имаме и кој се гледа од извештајот на ЕК е дека навистина е значајно да се воспостават стандарди и дека тие треба да се почитуваат. Треба да се констатира што е реално направено, од практична гледна точка.

Другиот аспект, тоа е објективната подготвеност на државата. Дури и ако се донесе одлука за почеток на преговорите, треба да се согледа дали државата е правно способна да воспостави кредибилна соработка без дополнителна поддршка и помош. Од наша страна, ние размислуваме за начинот како да помогнеме, како да ги канализираме напорите за подготовка на правната држава.

Не се работи само за техничко отворање на поглавјата и нивно затворање. Има експерти кои знаат да го направат тоа. Но, постојат реални проблеми, што може да се констатира од начинот на кој функционира ЕУ, а тоа е како е конципирана правната држава.

Сигурно дека нивото на подготовка на политичките чинители е значајно, на политичките партии, на целото општество. Преговорите немаат само технички карактер, туку го отсликуваат целиот дух на општеството кое успешно решило голем број проблеми, било да се работи за заедниците или за проблемите со соседните земји. Тие договори треба да се финализираат за да нема пречки на тој план, бидејќи постои ризик тие пречки да опстојуваат и понатаму со соседите, ако сè не се реши сега. Би било штета ако тоа се случи, бидејќи навистина беше потребна визија за да се направат тие чекори. Сега е потребно да се работи на внатрешните реформи, да се задржи тој дух на позитивни одлуки и да се преслика и на локално ниво, да се овозможи донесување значајни одлуки и на тој план, со што пак ќе се намалат штетните ефекти на системот што се наоѓа во состојба на постојана поларизација.  

Реално гледано, се чувствуваат одредени фрустрации, кои понекогаш прават да се заборави колкав интензитет, колкава дипломатска активност била потребна за да се направи помирувањето со соседните земји, но исто така и од правен аспект, вклучувањето на опозицијата кога беше потребно двотретинско мнозинство за да се изгласаат законите од национален интерес.

Сметам дека оценувањето треба да биде реално, добронамерно и да биде придружено со одреден број на предлози за поддршка, за да може да се забрзаат процесите и да се подобрат капацитетите. Да може земјата да се соочи со отворањето на преговорите во што подобри услови. Некои велат дека самото отворање на преговорите ќе ја задржи динамиката на реформи. Некои велат дека треба да се елиминираат одредени услови, како СЈО на пример, коешто не е критериум, туку претставува симбол. Потребно е да се има разбирање за да може да се надминат тие проблеми.

Некои велат дека ако се отстранат одредени услови, полесно ќе се гледа кон половината од чашата која сè уште е празна, но тогаш подоцна ќе биде потешко таа да се наполни до горе.

Се преговара во земјата и во политичките партии. Треба да го земеме во предвид фактот што ние имаме одредена слика за Балканот, слика која во поглед на проширувањето е направена врз основа на внимателен пристап, бидејќи луѓето од ЕУ не секогаш знаат какви се состојбите во земјите на Балканот. Гледаат слики од регионот кои може да прејудицираат одредени работи. Затоа, треба да се охрабрат земјите кога индивидуално напредуваат и тој напредок е позитивно оценет. Од друга страна, станува збор за мали земји, мал пазар и треба заеднички да успеете регионот да добие што подобра оценка. Овој регион е историски поврзан, земјите се поврзани меѓу себе. Тоа што е добро за едната земја е добро и за другата. Што е лошо за едната, лошо е и за другата.

Тоа прашање за сите заедно, особено за земјите од Западен Балкан, треба да се раздвои од индивидуалните капацитети на секоја земја.

Дури и во рамките на ЕУ, реформите, некои успешни повеќе или помалку, понекогаш ја принудуваа Унијата да дава поголема и позначајна помош насочена кон правните системи на одредени држави, но не секогаш успешно. Имавме случаи кога илјадници луѓе излегуваа на улица во одредени земји-членки на ЕУ за да кажат дека не се задоволни од постигнатите резултати, дека се разочарани од ЕУ која била почувствувана како голема надеж на почетокот. Во тие моменти се мобилизира целото општеството и тоа е еден друг критериум за кој треба заедно да дискутираме.

Целото интервју може да го прочитате тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.