Ги предадов сите документи за самокандидирање за претседател на СДСМ.

Објавил: admin@magazin | 2 декември, 2021 7:30

Фросина Ременски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ

Фото/Текст извор: ©магазин

Поранешната министерка Фросина Ременски објави дека поднесува кандидатура за претседател на СДСМ.

Ги предадов сите документи за самокандидирање за претседател на СДСМ. Очекувам во следниот период, согласно роковникот, да се утврдат кандидатите, со што би почнале активностите за претставување на кандидатите пред членовите, активистите и симпатизерите на СДСМ, изјави Ременски пред партиското седиште.

Вели дека одлуката ја донела врз основа на нејзиниот целокупен општествено-политички и партиски активизам.

Денеска и Димитар Ковачевски најави дека официјално ќе ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ во партиското седиште.

Партијата ги повика сите заинтерсирани да се самокандидираат, а постапката започна на 27.11.2021 и ќе трае седум дена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести