Економска некоординираност на владата

Објавил: Стефан Каневче | 12 мај, 2019 12:41

Фрчковски: Операцијата “МЕТЛА” се однесува на државната администрација, таму има непотизам„„

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Аналитичарот Љубомир Фрчковски за „Гласот на Америка“ изјави дека бизнис секторот е незадоволен како се одвива координацијата во самата Влада по самите економски прашања, а според професорот тоа би можело да претставува сигнал дека постои и корупција.

Ваква констатација на професорот следува откако пред неколку дена оставка си даде Бранимир Јованович, советникот на министерот за финансии Драган Тевдовски. Фрчковски на ова прашање одговори во контекст на прашањето за најавените кадровски промени во државното управување.

– Првата е државната администрација. Таму се однесува операцијата „Метла“. Тоа е најочигледно. Таму има непотизам, но непотизмот толку не е проблем колку некојпат некомпетентноста, некоординираноста на владините главни министри и државни секретари од кои патат граѓаните. Реакцијата и на бизнисот е страшна, дека владата е некоординирана внатре. Мислам дека име моменти на корупција повторно и тие во таа смисла мора да бидат жестоки со прочистувањето“, изјави поранешниот министер за внатрешни работи.

Тој додава дека треба да се „прочисти“ судството задолжително и безбедносните служби.

„Тие мора да сменат 30 – 35 судии. Не можат судот да го остават со Сваровски судии како ништо да не се случило и како Европа ни бара да не ги гибаме. Тоа не може така“, вели Фрчковски.

Додава дека СЈО треба да остане во кондиција, а чекори се потребни и во однос на два или три закони од областа на безбедноста.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.