Не може да се поистоветат снимките коишто Специјалното јавно обвинителство ги третираше како докази и овие снимки.

Објавил: admin@magazin | 21 септември, 2019 10:11

Фрчкоска: „Снимките треба да бидат издвоени во постапката за Рекет- прибавени се на незаконит начин”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Адвокатката на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска во вчерашното гостување на 360 Степени рече дека снимките од нелегалното прислушкување беа озаконети со Законот за СЈО, а доказите се третираат како докази кои се прибавени на незаконит начин и како такви треба да бидат издвоени во постапката“.

Адвокатката Фрчкоска истакна дека најверојатно ќе бара идзвојување на видео снимките од предметот, бидејќи според неа се прибавени на нелегален начин.

„ Не може да се поистоветат снимките коишто Специјалното јавно обвинителство ги третираше како докази и овие снимки. Снимките од нелегалното прислушкување беа озаконети со Законот за СЈО, а овие докази се третираат како докази кои се прибавени на незаконит начин и како такви треба да бидат издвоени во постапката“, истакна адвокатката на поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, Ирена Данаилова-Фрчкоска, во интервју за „360 Степени“.

-Јас очекував да ја разрешат од функцијата специјален јавен обвинител. Спорна е одлуката со која таа е разрешена од функцијата јавен обвинител во Гевгелија и како тоа беше поистоветено со разрешување од специјален обвинител. За мене е спорна употребата на терминот незаконито дејствие, бидејќи тоа се одредува само со судска пресуда. Ниту Советот на јавни обвинители, ниту Парламентот не можат да утврдат незаконитост, вели Фрчкоска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.