Во тек е процесот за аплицирање за проектот. Ги повикуваме сите млади лица на возраст од 15 до 29 години да аплицираат и да ја добијат оваа картичка.

Објавил: Перо Милчин | 9 јуни, 2019 13:37

ФРЧКОСКИ: „За помалку од две години, невработеноста кај младите се намали за околу 10 отсто„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Потпретседателот на СДММ и син на професорот Љубомир Фрчковски, Јон Фрчковски, изјави дека младите се наш приоритет, а тоа го покажале преку создавање на квалитетни младински политики. Со гаранцијата за млади обезбедуваме шанса за секој млад човек да се стекне со пракса, вработување или доусовршување, изјави Јон Фрчковски.

Потпретседателот на СДММ, Јон Фрчковски изјави дека се започнува со проектот „Европска младинска картичка“ со низа поволности за младите, и кој ќе ги доближува младите до европските услови и вредности.

Со Европската младинска картичка“ освен намалување на трошоците на младите позитивно ќе влијае и врз унапредување на социјалниот живот, едукацијата и личниот развој, изјавува Потпретседателот на СДММ, Јон Фрчковски. Тој додава дека младите се наш приоритет,  а тоа го покажале преку создавање на квалитетни младински политики.

Јон Фрчкоски, син на професорот Љубомир Данаилов Фрчкоски е поставен за помошник директор во АД за Стопанисување со станбен и деловен простор.

Со гаранцијата за млади обезбедуваме шанса за секој млад човек да се стекне со пракса, вработување или доусовршување. 

– Во тек е процесот за аплицирање за проектот. Ги повикуваме сите млади лица на возраст од 15 до 29 години да аплицираат и да ја добијат оваа картичка. Со оваа картичка имате поволности и придобивки во секојдневниот живот, попусти за културно-уметнички настани, туристички центри, спортски настани, патување, транспорт, едукација и доусовршување. Веќе е обезбедена соработка со над 300 субјекти како угостителски објекти, театри, киносали, центри за едукација и развој, спортски центри и други кои за младите ќе обезбедат попусти на нивните услуги, вели тој во изјавата.

– „Европската младинска картичка“ освен намалување на трошоците на младите позитивно ќе влијае и врз унапредување на социјалниот живот, едукацијата и личниот развој. Активните младински политики досега придонесоа за нешто помалку од две години, стапката на невработеност кај младите да се намали за околу 10 отсто. Не застануваме тука. Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерките и проектите што се во интерес на младите, со цел тие да останат тука и тука да градат иднина, вели Фрчковски.

Имено Јон Фрчкоски, е син на професорот Љубомир Данаилов Фрчкоски и е поставен за помошник директор во АД за Стопанисување со станбен и деловен простор. Јон Фрчкоски, е вработен како помошник директор во компанијата за плата од 55.000 денари.

Тој претходно работеше во Општина центар, а на оваа позиција дојде на местото на Александар Стојчевски.

Неговиот татко, професорот Љубомир Фрчкоски е поранешен министер за внатрешни работи од СДСМ, а во моментов тој е член на комисијата за реформи во правосудството.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести